Поврзи се со нас

Гостивар

Во Бигорски почнува одбележувањето на главната манастирска слава

Објавено

на

    Во Бигорскиот манастир денес (четврток) попладне почнува одбележувањето на главната манастирска слава, посветена на Отсекувањето на главата на Свети Јован Крстител.

    Централниот дел од празничната програма ќе се одржи во четврток и петок, 10 и 11 септември, а годинашното одбележување ќе биде одбележано и со замонашување на тројца нови членови на Бигорската обител, како и со гостување на византискиот хор „Свети Јован Кукузел“ од Тирана.

    Програмата денес започнува во 16 часот со Мала вечерна богослужба, по што во 18:30 часот ќе се одржи Повечерие. Во 19 часот е најавен свечениот пречек на архиереите и почетокот на празничното сеноќно бдение. Во 20 часот ќе се одржи чин на замонашување на тројца нови браќа на Бигорската обител, по што ќе продолжи празничното бдение. Во 22 часот е закажана празнична Утрена богослужба, а на полноќ Првиот час.

    Празничните богослужби ќе бидат придружени со пеењето на хорот при Бигорското братство и византискиот хор „Свети Јован Кукузел“ од Тирана. Хорот ќе учествува на прославата со благослов на Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, Јован.

    Одбележувањето продолжува во петок, 11 септември, на денот на манастирската слава. Во 8 часот ќе се одржат Третиот и Шестиот час, во 8:30 часот е свечениот пречек на архиереите, а во 8:45 часот ќе започне светата архиерејска Златоустова Литургија. Програмата завршува во 16 часот со Ктиторска вечерна богослужба.

    Од Бигорскиот манастир ги повикуваат верниците и посетителите да присуствуваат на празничните богослужби и на одбележувањето на манастирската слава.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 29 секунди

    Во Бигорски почнува одбележувањето на главната манастирска слава

    Вестипред 1 час

    Словенија ќе ја укине деветолетката, основното училиште ќе трае 8 години

    Верувале или не ?!пред 15 часа

    Верувале или не ?!

    Македонијапред 17 часа

    Јаневска: Ја повлековме програмата за Сексуално образование за средношколците

    Гостиварпред 19 часа

    Висок притисок, вртоглавици, вознемиреност…730 прегледи и 113 повици во Итната помош Гостивар за осум дена од септември

    Вестипред 20 часа

    15 годишните ученици во Македонија слаби во читање и математика, покажа меѓународното истражување ПИСА

    Гостиварпред 21 час

    Загрижувачки раст на семејното насилство во Гостивар од над 40%, поднесена 61 кривична пријава годинава

    Македонијапред 23 часа

    Во август најмногу пораснале трошоците за рекреација и угостителство

    Спортпред 1 ден

    ЕвроВолеј 2026: Македонија денес го отвора Европското првенство против Бугарија

    Занимливостипред 4 недели

    Вечерва Месечината ќе го затемни Сонцето – Делумната фаза ќе се гледа и од Македонија

    Гостиварпред 3 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Здравје и убавинапред 4 недели

    Риба на трпезата – 5 видови кои се добри за здравјето, а не се прескапи

    Гостиварпред 3 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Вестипред 4 недели

    Гостивар: Уапсен 45 годишник за напад, принудување на сексуални односи и малтретирање на сопругата

    Занимливостипред 4 недели

    Августовско чудо на небото – Персеидите го достигнуваат својот максимум

    Гостиварпред 3 недели

    Уапсени 7 лица во гостиварско Куново, во викендици најдени пушки и пиштол

    Животпред 3 недели

    Гостиварци на највисокиот врв на Алпите: Членови на ПСК „Бистра“ се искачија на Мон Блан

    Гостиварпред 3 недели

    Комуналец Гостивар: Од 4 наутро прекин на водата заради санација на дефекти на главната цевка

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 2 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони