Гостивар
Загина човек во судир на возила на патот Гостивар-Кичево
Денеска (08.08.2026) околу 17:10 часот, во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на угостителски објект, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила, „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Н.С. (34) од Гостивар и „опел астра“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ѓ.П. (63) од Скопје.
„Во незгодата, доктор од Итната медицинска помош на лице место констатирал смрт кај возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63). Возачот на возилото „пежо“, Н.С. (34), се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар за укажување лекарска помош.“, соопшти СВР Тетово и додава дека на местото на несреќата увид врши Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во содејство со екипа од ОВР Гостивар.
-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Културапред 3 месециОд спомените, преку првите раскази до книжевните признанија: Симона Јованоска за прв пат пред гостиварската публика
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 2 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 2 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Што, како, каде?!пред 2 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 2 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Културапред 2 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
