Поврзи се со нас

Забава

Летото ги враќа читачките навики, ништо поубаво од добра книга!

Објавено

на

    Налето за среќа деновите се подолги, посветли, а попладнињата како да се создадени за сенка, ладен пијалак и добра книга. Затоа не е случајно што токму во овој период многумина повторно стануваат читатели. Некој конечно ја отвора книгата што со месеци собирала прашина на наткасната. Некој си поставува предизвик да прочита барем една книга додека е на одмор. А има и такви што без книга во торбата не тргнуваат никаде, било да се на плажа, покрај езеро или на планина.

    И додека околу нас постојано светкаат екрани, можеби токму летото е вистинскиот момент да си подариме малку тишина со книга.

    Телефонот секогаш има уште едно видео, уште една фотографија, уште една вест, уште едно известување. Половина час подоцна, тешко се сеќаваме што сме гледале. Книгата функционира сосема поинаку. Таа не брза, не прекинува, не бара лајк. Само ве повикува да влезете во нејзиниот свет.

    Психолозите одамна укажуваат дека читањето ја подобрува концентрацијата, ја стимулира меморијата и помага во намалување на стресот. Особено навечер, кога наместо синиот сјај од телефонот, очите ги следат редовите на хартијата. Тоа е мал ритуал што му годи и на умот и на телото.

    Ако не знаете од каде да почнете, еве неколку наслови кои не се „лесни летни романси“, туку книги што остануваат со читателот и долго по последната страница.

    „Сто години самотија“ – Габриел Гарсија Маркес

    Класика која еднаш во животот мора да се прочита. Магичниот реализам, семејната сага и светот на Макондо се вистинско книжевно патување.

    „Човекот по име Уве“ – Фредрик Бакман

    Топла, духовита и длабоко човечка приказна што потсетува дека зад секоја намуртена надворешност се крие приказна која вреди да се слушне.

    „Книга на немирот“ – Фернандо Песоа

    Не е книга што се чита наеднаш, туку полек, по неколку страници. Совршена за утринско кафе или тивка летна вечер.

    „Шантарам“ – Грегори Дејвид Робертс

    Роман инспириран од вистински настани. Бегалец од австралиски затвор започнува нов живот во Бомбај. Комбинација од авантура, криминал, филозофија, љубов и патувања.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 недели

    Загина човек во судир на возила на патот Гостивар-Кичево

    Занимливостипред 3 недели

    Вечерва Месечината ќе го затемни Сонцето – Делумната фаза ќе се гледа и од Македонија

    Занимливостипред 4 недели

    Светски ден на мачките: Љубопитни, палави, независни миленичиња

    Гостиварпред 2 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Здравје и убавинапред 3 недели

    Риба на трпезата – 5 видови кои се добри за здравјето, а не се прескапи

    Вестипред 3 недели

    Гостивар: Уапсен 45 годишник за напад, принудување на сексуални односи и малтретирање на сопругата

    Занимливостипред 3 недели

    Августовско чудо на небото – Персеидите го достигнуваат својот максимум

    Гостиварпред 4 недели

    42 анализи на гостиварската вода деноноќно во 3 лаборатории: Бактериите се чистат, предизвик е хлорот

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 2 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони