Видео емисии
ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки
Во потрага по впечатливи, значајни и несекојдневни приказни, кои се трудиме да ги пренесеме во нашиот серијал „ПРОМО 6“, патот нѐ донесе во една мала природна чудесија во гостиварското село Железна Река. Екипата на Gostivarpress.mk беше на гости во пчеларникот на Весна Димитријеска, сместен во недопрена природа, опколен со воодушевувачко зеленило, бои и мириси кои обземаат, воздух што смирува.
Далеку од урбаната џунгла, вредните другарки на Весна си живеат во своето кралство. Тие неуморно си ја работеа својата работа, а ние преку видео сторијата ќе се обидеме да прикажеме барем мал дел од тоа.
Весна се занимава со пчеларство две децении, како дел од продолжување на традицијата на семејството на нејзиниот сопруг Зоран. Освен во Железна Река, пчеларник има и во Маврово. Медот што го произведува е 100% природен, со висок квалитет и има специфично име „Девојчето со медот“.
Како и пчелките, и Весна е вредна и континуирано работи на надоградување и развој на својот мал бизнис. Вреди да се спомене дека оваа пчеларка е регистрирана во Агенција за храна и ветеринарство, со извод за продажба на мед од куќен праг, добитник е на средства од ИПАРД програма за пчеларство, наградувана за својот мед и други пчелни производи со димпломи и медаљи во Македонија и странство.
Со нашата домаќинка разговаравме за почетоците во пчеларството, грижата и негата за пчелите, што е клучно за да се произведе квалитетен мед, предизвиците со кои се соочуваат пчеларите…
Видео сторијата може да ја проследите на нашите канали на: Rumble, YouTube и Telegram.

-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Културапред 3 месециОд спомените, преку првите раскази до книжевните признанија: Симона Јованоска за прв пат пред гостиварската публика
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 2 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 2 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Што, како, каде?!пред 2 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 2 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Културапред 2 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
