Видео емисии
ВИДЕО | Дојди во Врбен – Во прегратка на планината, во душата на зеленилото!
„Рајот е во Врбен!“ – велат жителите на ова горнореканско село, вистински планински бисер. Со цел и ние да ги доживееме убавините што несебично ги нуди, последната епизода од серијалот „ПРОМО 6“, преку кој промовираме мали локални бизниси, рурален и алтернативен туризам и природни убавини од нашиот крај, ја посветивме токму на – Врбен. Го посетивме, го прошетавме, го истраживме, се изнауживавме во мирот и зеленилото – и ви ја пренесуваме неговата приказна.
Во оваа наша авантура домаќин ни‘ беше Бошко Билбиловски, човек кој си зацртал мисија да помага во промоција на селото, да организира разни настани во таа насока, да вложува труд за зачувување на традицијата, спецификите и обележјата на местото.
Врбен е можеби единственото „живо“ село во Горна Река, во кое има стотина постојани жители, активно училиште и други услови за пристоен живот како за планинско местенце. Опкружувањето е идеално за бели дробови полни чист воздух и смирена душа од бескрајно зеленило.
За хидроцентралата во Врбен сигурно сте слушнале, но ова село е надалеку познато и по успешниот астрофизичар Паскал Сотировски, познат и како „Доктор на Сонцето“ – професор на Сорбона во Париз, чии корени се токму тука. Во нашата видео сторија зборуваме и за него.
Сѐ повеќе посетители го откриваат Врбен како природна реткост погодна за релаксација – совршен избор за викенд прошетка, релаксација или престој во руралнo-планинска атмосфера.
И не е случајно – Врбен го заслужува секое внимание, а кога ќе го посетите еднаш постојано ќе му се навраќате!
Видеото посветено на селото погледнете го на нашите канали на: Rumble, YouTube и Telegram.

-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Културапред 3 месециОд спомените, преку првите раскази до книжевните признанија: Симона Јованоска за прв пат пред гостиварската публика
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 2 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 2 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Што, како, каде?!пред 2 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 2 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Културапред 2 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
