Македонија
ИЈЗ: Досега 58 заболени од западнонилска треска, осум починати
Западнонилската треска оваа година бележи најсилен бран откако болеста се следи во Македонија. Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, заклучно со 8 септември се регистрирани 58 случаи, од кои 54 се лабораториски потврдени, а осум лица починале.
Најголемиот дел од заболените се од Скопје, каде се регистрирани 55 случаи. По еден случај има во Велес, Куманово и Свети Николе. Речиси сите инфекции се стекнати во земјава, што укажува на активна локална циркулација на вирусот.
Повеќе од 80 проценти од заболените се лица над 60 години, а речиси четири петтини се мажи. Од вкупно 58 случаи, кај 56 е развиена невроинвазивна форма на болеста, поради што сите биле хоспитализирани. Досега 43 лица се отпуштени, петмина сè уште се лекуваат, а осум починале.
Најголема концентрација на случаи има во скопските општини Кисела Вода и Гази Баба, особено во Драчево и руралните делови на Гази Баба. Поради зголемениот број заболени, во август беше пријавена епидемија во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром и Бутел.
Станува збор за значителен пораст во однос на претходните години. Од 2011 до крајот на 2025 година во Македонија биле регистрирани вкупно 54 случаи, а само во 2026 година бројката достигна 58.
Здравствените власти апелираат на заштита од убоди од комарци со користење репеленти, носење соодветна облека и отстранување на застоена вода околу домовите. При појава на симптоми, особено невролошки, се препорачува навремено јавување кај лекар.
-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Културапред 2 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
