Поврзи се со нас

Гостивар

Ловното друштво „Бистра“ од Гостивар подготвено за новата ловна сезона

Со доаѓањето на есента започнува и периодот што ловците долго го очекуваат. Новата ловна сезона носи нови средби со природата, нови трофеи и нови „ловџиски приказни“ што допрва ќе се раскажуваат. Но, со ловечкиот мерак оди и одговорноста да се почитуваат правилата, дивечот и ловиштата.

Објавено

на

    На 20 септември започнува новата ловна сезона во ловиштето „Симница бр. 2“, со кое стопанисува Ловното друштво „Бистра“ од Гостивар. Друштвото сезоната ја пречекува со подготвен терен, изградено и одржувано ловнотехничко уредување и континуирано следење на состојбата со дивечот.

    Работата во ловиштето, како што велат од „Бистра“, не е врзана само за ловните денови. Во текот на целата година се врши мониторинг на теренот и дивечот, се спроведува прихрана и се работи на создавање и одржување на услови за дивиот свет.

    Дивиот свет во ловиштето регистриран преку фотозамки.

    Во ловиштето има набљудувачници, ловечки чеки, трајни хранилишта, поилишта и солишта, кои се дел од системот за управување и одржување на ловиштето.

    Особено охрабрувачки за ловците е што во последниот период повторно се забележуваат нови групи дива свиња со подмладок. По намалување на фондот во периодот по појавата на африканската свинска чума, одговорното стопанисување и следењето на состојбата сега носат знаци на постепено обновување.

    „Она што ни е најважно е ловиштето да се одржува и со него да се стопанисува одговорно во текот на целата година. Појавата на нови групи и подмладок кај дивата свиња е добар знак и покажува дека фондот се обновува“, посочуваат од ЛД „Бистра“.

    Во претстојната сезона во ловиштето ќе се лови дива свиња, како и дивечот без заштита, односно волк, лисица и чакал.

    Ловните активности ќе се одвиваат во сабота, недела и на државни празници, согласно условите и правилата за лов.

    Ловиштето „Симница бр. 2“ се простира на 12.400 хектари, на надморска височина од 550 до 1.674 метри. Разновидниот терен опфаќа шумски предели, ливади, пасишта и земјоделски површини, создавајќи различни услови за дивечот и ловните активности.

    За Ловното друштво „Бистра“, новата сезона не е само почеток на нов ловен циклус, туку продолжение на грижата за ловиштето и дивечот што трае во текот на целата година.

    „Ловецот не е само човек со пушка, тој е и чувар на природата. Нашата работа не ја мериме само според успешноста на една ловна сезона. Вистинскиот успех е она што ќе го оставиме за оние што доаѓаат после нас. На сите ловци им посакуваме безбедна и успешна сезона, со почит кон дивечот, природата и ловечката традиција“, порачува Бранко Арсески, ловник на ЛД „Бистра“.

    Отворен прием за нови членови

    Ловното друштво „Бистра“ информира дека приемот на нови членови трае во текот на целата година.

    Годишната карта важи за целата ловна сезона 2026/27, односно до 31 март 2027 година.

    Заинтересираните можат да се пријават во канцеларијата на ЛД „Бистра“, на ул. „Живко Брајкоски“, веднаш до Основниот суд во Гостивар, на втор кат, или да добијат информации на телефонскиот број 070/229-676.

    Од Ловното друштво „Бистра“ ги повикуваат ловците сезоната да ја започнат одговорно, со почитување на правилата, природата и ловиштето кое со години е дел од ловечката традиција на гостиварскиот крај.

    (комерцијална објава)

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Гостиварпред 4 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Гостиварпред 24 часа

    Гостиварец нападнал вработена во угостителски објект

    Животпред 4 недели

    Гостиварци на највисокиот врв на Алпите: Членови на ПСК „Бистра“ се искачија на Мон Блан

    Гостиварпред 3 недели

    Уапсени 7 лица во гостиварско Куново, во викендици најдени пушки и пиштол

    Гостиварпред 4 недели

    Комуналец Гостивар: Од 4 наутро прекин на водата заради санација на дефекти на главната цевка

    Спортпред 3 недели

    Елиф Елмас официјално е нов фудбалер на Аталанта

    Писмапред 3 недели

    ПИСМА: Реакција на родител за поскапување на лек за деца со епилепсија

    Што, како, каде?!пред 3 недели

    „Кино на отворено“ во Гостивар: Две филмски вечери во Градскиот парк

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 3 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони