Гостивар
Определен куќен притвор за екс директорката на гостиварски Комуналец, Артана Асани
Поранешната в.д. директорка на гостиварски „Комуналец“ Артана Асани, осомничена во случајот со загадувањето на водата во Гостивар наместо во притвор ќе биде домашен притвор, потврди за Gostivarpress.mk судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, Ќирко Михајлоски.
Одлуката за определување куќен притвор е донесена по барање на бранителите на осомничената, а по добиено позитивно мислење од Основното јавно обвинителство, појасни судијата.
За другите двајца осомничени раководители во „Комуналец“, засега нема нов момент во однос на мерката притвор. Од Основниот суд Гостивар потврдија дека за нив сè уште не е донесено ново мислење во врска со мерката притвор.
Екс в.д директорка на Комуналец Гостивар Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на одделението за водовод Вадедин Дервиши се осомничени за кривично дело од областа на тешките дела против животната средина и природата, односно за загадување на вода за пиење, за кое е предвидена затворска казна од најмалку четири години.
-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
