Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Освежителни пијалоци кои ќе ви помогнат полесно да ги преживеете горештините

Објавено

на

    Високите температури во пекол жешкото лето значат поголема потреба за освежување на организмот. Наместо да посегнувате по газирани сокови, со неколку едноставни и достапни состојки, можете да подготвите вкусни и освежителни домашни пијалоци.

    Домашна лимонада со нане

    Исцедете два лимона, додадете ладна вода, неколку листови свежо нане, малку мед или шеќер по вкус и многу мраз. Ако сакате поинтензивна арома, додадете и неколку тенки парчиња лимон во чашата.

    Сок од лубеница

    Лубеницата сама по себе е освежување, а како сок е уште подобра. Неколку парчиња исчистени од семки изблендирајте ги со малку ладна вода, неколку капки лимонов сок и мраз. Ќе добиете природно сладок пијалок без потреба од дополнителен шеќер.

    Ладен чај со праска

    Подгответе зелен или црн чај, оставете го да се излади, а потоа додајте свежи парчиња праска и неколку капки лимон. Чувајте го во фрижидер и послужете го со мраз. Освен што освежува, изгледа и одлично.

    Детокс вода со краставица и лимон

    Во бокал со ладна вода ставете тенки кругови краставица, лимон и неколку листови нане. По десетина минути во фрижидер, водата ќе добие свеж вкус и пријатна арома.

    Овошно смути со јогурт

    Во блендер ставете чаша ладен јогурт, неколку јагоди или малини, една праска и неколку коцки мраз. Ако сакате, засладете со малку мед. Овој напиток е идеален како освежување, но и како лесен појадок или ужина.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 недели

    Загина човек во судир на возила на патот Гостивар-Кичево

    Занимливостипред 3 недели

    Вечерва Месечината ќе го затемни Сонцето – Делумната фаза ќе се гледа и од Македонија

    Занимливостипред 4 недели

    Светски ден на мачките: Љубопитни, палави, независни миленичиња

    Гостиварпред 2 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Здравје и убавинапред 3 недели

    Риба на трпезата – 5 видови кои се добри за здравјето, а не се прескапи

    Вестипред 3 недели

    Гостивар: Уапсен 45 годишник за напад, принудување на сексуални односи и малтретирање на сопругата

    Занимливостипред 3 недели

    Августовско чудо на небото – Персеидите го достигнуваат својот максимум

    Гостиварпред 4 недели

    42 анализи на гостиварската вода деноноќно во 3 лаборатории: Бактериите се чистат, предизвик е хлорот

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 2 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони