Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Со што нашите предци си помагале за смирување на стомачни инфекции?

Објавено

на

    Во период кога Гостивар се соочува со епидемија на гастроентеритис, а илјадници граѓани имаат симптоми како повраќање, дијареја, стомачни грчеви и мачнина, корисно е да се потсетиме дека природните препарати можат да помогнат во ублажување на симптомите, оние кои ги користеле нашите предци. Тие, сепак, не се замена за лекарски преглед или терапија, особено кај лица со висока температура, крв во столицата или знаци на дехидратација. Најважниот дел од закрепнувањето останува внесувањето доволно течности и електролити.

    Свежиот ѓумбир или чај од ѓумбир е меѓу ретките природни препарати за кои постојат научни докази дека може да ја намали мачнината и повраќањето. Може да се користи како благ чај или неколку тенки парчиња да се прелијат со врела вода и да отстојат десетина минути.

    За благотворните влијанија на нането знаеме сите, но помалку позната е маточината која може да помогне во смирување на грчевите во желудникот и чувството на напнатост. Особено е корисна кај лица кај кои инфекцијата е проследена со вознемиреност и несоница.

    Сушените диви боровинки одамна се користат во народната медицина при пролив. Тие содржат танини кои можат да помогнат столицата постепено да се нормализира. Истото дејство го има и исушена кора од калинка, од која се прави чај. Листовите од капина се богати со танини и традиционално се употребуваат при лесни дијареи. Се подготвуваат како обичен чај и се пијат во помали количини неколку пати во текот на денот.

    Не е билка, но оризот е еден од најстарите природни начини за смирување на дигестивниот систем. Водата во која се варел оризот содржи скроб кој може да помогне при дијареја и истовремено обезбедува малку енергија кога апетитот е намален.

    Во многу македонски и балкански домови се варел чај од ким за смирување на стомакот, особено кај деца. Помага против грчеви и гасови, иако не лекува инфекција.

    Свежото овошје понекогаш дополнително го иритира желудникот, но печеното јаболко е полесно за варење и содржи пектин, кој може да помогне во нормализирање на столицата.

    Кога ќе престанат повраќањето и силната дијареја, постепено може да се воведе јогурт со живи култури или друга ферментирана храна, бидејќи одредени пробиотици можат да придонесат за побрзо закрепнување на цревната микрофлора.

    Што е најважно?

    Иако природните препарати можат да ги ублажат симптомите, лекарите потенцираат дека најважно е да се спречи дехидратацијата. Течностите треба да се внесуваат често, во мали голтки, а доколку има силно повраќање или пролив, најдобро е да се користат раствори за орална рехидратација кои ги надоместуваат изгубените електролити.

    Ако симптомите траат повеќе од два до три дена, ако има висока температура, крв во столицата, силни болки во стомакот, знаци на дехидратација (сува уста, ретко мокрење, вртоглавица) или ако станува збор за мало дете, постаро лице или хронично болен пациент. Во такви случаи потребен е лекарски преглед.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 недели

    Загина човек во судир на возила на патот Гостивар-Кичево

    Занимливостипред 3 недели

    Вечерва Месечината ќе го затемни Сонцето – Делумната фаза ќе се гледа и од Македонија

    Занимливостипред 4 недели

    Светски ден на мачките: Љубопитни, палави, независни миленичиња

    Гостиварпред 2 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Гостиварпред 2 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Здравје и убавинапред 3 недели

    Риба на трпезата – 5 видови кои се добри за здравјето, а не се прескапи

    Вестипред 3 недели

    Гостивар: Уапсен 45 годишник за напад, принудување на сексуални односи и малтретирање на сопругата

    Занимливостипред 3 недели

    Августовско чудо на небото – Персеидите го достигнуваат својот максимум

    Гостиварпред 4 недели

    42 анализи на гостиварската вода деноноќно во 3 лаборатории: Бактериите се чистат, предизвик е хлорот

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 2 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони