Здравје и убавина
Септември, месец за подигнување на свеста за перименопауза: Промени во телото и психата кои треба да се разберат
Жена сте, стапнавте во 40-тите и одеднаш почнавте да забележувате промени во телото, психата и здравјето кои не ги очекувавте? Немате сон, циклусот стана непредвидлив, имате раздразливост, качувате на килажа, се потите навечер, концентрацијата се намали…едноставно чувствувате дека „нешто не е како порано“?
Можно е да сте во перименопауза, периодот на хормонални промени што ѝ претходи на менопаузата.
Септември се одбележува како месец за подигање на свеста за перименопаузата, период за кај нас сè уште недоволно се зборува. Последните години има мал чекор напред, има повеќе информации и отворени разговори, но многу жени и понатаму минуваат низ овој период без доволно знаење и поддршка. А понекогаш и наместо поддршка, од околината, па и од семејството, можат да слушнат: „бабите наши немаа такво нешто“, „денешните жени се многу нежни“ или „сите поминале низ тоа, ќе помине и кај тебе“.
Но, перименопаузата не е измислен проблем и не значи дека жената е „пречувствителна“. Кај секоја жена може да изгледа различно. Покрај промените во менструалниот циклус, може да се појават топли бранови и ноќно потење, проблеми со спиењето, замор, промени во расположението, анксиозност, раздразливост, проблеми со концентрацијата и помнењето, главоболки, промени во тежината, намалена сексуална желба и вагинална сувост. Токму затоа симптомите лесно се припишуваат на стресот, работата, семејните обврски или „годините“.
Што може да направите како самопомош за полесно да се справите со дел од симптомите?
Хранете се разновидно, повеќе зеленчук, овошје, интегрални житарки, мешунки, риба, јајца и други извори на протеини. Движете се редовно, пешачење, велосипед, пливање, јога или други активности се добар почеток. Вежбите со отпор и тежини се особено корисни за одржување на мускулите и коскената густина. Препознајте што ви ги влошува симптомите. Кај некои жени топлите бранови може да се поврзат со топли простории, зачинета храна, кофеин или алкохол.
Не го занемарувајте одморот и психичкото здравје. Времето за себе, разговорот со блиски луѓе, релаксацијата, а по потреба и разговорот со психолог, не се луксуз, туку дел од грижата за себе.
Ако забележувате промени што ве загрижуваат или ви го нарушуваат секојдневието, разговарајте со матичен лекар или гинеколог. Не мора сè да препишете на перименопаузата, но не треба ни да го игнорирате она што ви го кажува телото.
-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Културапред 3 месециОд спомените, преку првите раскази до книжевните признанија: Симона Јованоска за прв пат пред гостиварската публика
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 2 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 2 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Што, како, каде?!пред 2 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 2 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Културапред 2 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
