Гостивар
Гостивар: Ракотворбите како начин да се зачува традицијата
Во време кога многу од старите вештини полека исчезнуваат, рачните изработки можат да бидат начин традицијата да се зачува, како спомен на минатото и како знаење кое повторно ќе го научат и младите.
Токму со таква цел вчера во Ресурсниот центар во Гостивар се одржа работилница за рачни ракотворби и изработка на накит од мониста наменета за лица од различни возрасти. Настанот се организираше во рамки на соработката и вмрежувањето меѓу здружението „Анисија“ од Гостивар и „ЗУР Македонски ракотворби“ од Битола.

Некогаш ракотворбите биле дел од секојдневниот живот. Вештините на плетење, везење, изработка на украси и накит се пренесувале од поколение на поколение и биле нешто што луѓето го учеле уште од најмала возраст. Денес, голем дел од тие знаења остануваат само во сеќавањата на повозрасните. „Затоа ваквите средби се можност повозрасните повторно да се потсетат на вештините со кои растеле, а помладите да добијат можност да ги запознаат и научат. Преку мониста, конец и трпение, учесниците создаваа сопствени рачни изработки, но истовремено разменуваа искуства и знаења меѓу генерациите и градовите.“, велат од „Анисија“ и додаваат дека целта на работилницата е продолжување на традиционалните вредности и нивно пренесување на помладите генерации, како и воспоставување соработка меѓу организации од различни градови.

По работилницата беше организиран и мал саем, на кој беа изложени рачните изработки создадени од учесниците.

-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
