Гостивар
Врховен суд ја укина пресудата на Апелација за „Ласкарци“ – Осудените излегуваат од затвор, предметот се враќа на повторно постапување
Врховниот суд вчера на седница донел одлука за укинување на априлската пресуда на Апелациониот суд Скопје, во случајот со кобната автобуска несреќа на Дурмо турс кај Ласкарци, со која казните на осудените им беа зголемени.
„Барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители се уважуваат, пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-979/24 од 17.04.2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување.“, стои во кусото соопштение објавено од Врховниот суд денеска.
Апелациониот суд Скопје во април донесе пресуда со која им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари од шест на десет години, и од пет на по седум години казна затвор на двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски. Казните за Јане Боваровски и возачот на автобусот Маноил Трифуновски останаа пет, односно 14 години затвор.
Одлуката на Врховен значи дека паѓа правосилноста на пресудата со која осудените беа испратени на издржување затворски казни и тие се пуштаат на слобода додека трае повторното одлучување. Предметот се враќа во Апелациониот суд Скопје.
Во несреќата кај Ласкари од 13 февруари 2019 година животот го загубија 16 луѓе.
-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
