Македонија
Објавени списоците на добитници на ваучери за инвертери
Министерството за енергетика ги објави списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.
За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред, соопшти Министерството.
Поддршката е наменета за: домаќинства со едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита или домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години.
Министерството ги повика сите добитници навремено да го реализираат стекнатото право и појасни дека постапката се одвива во неколку чекори: проверка на е-пошта, печатење на документите, избор на фирма, извршување на набавка и монтажа на инвертерот и пополнување на записникот/прашалникот.
Краен рок за искористување на потврда-ваучерите е 15 октомври 2026 година. По истекот на овој рок, ваучерите нема да можат да се користат.
-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
