Поврзи се со нас

Гостивар

Министерот Сулејмани во Гостивар – Какви се условите и потребите на културните установи?

Објавено

на

    Подобрување на условите за работа, инфраструктурата и опременоста на културните установи во Гостивар, како и реализација на нови проекти, најави министерот за култура и туризам Седат Сулејмани по работната посета на националните установи од областа на културата во градот.

    Сулејмани ги посети Центарот за култура „АСНОМ“, Конзерваторскиот центар, Гостиварскиот театар и Галеријата, каде што разговараше со директорите и вработените за актуелната состојба, потребите на установите и можностите за нивно унапредување.

    Како што соопшти Министерството за култура, на средбите биле разгледани условите за работа, кадровските потреби, инфраструктурата и опременоста, како и реализацијата на програмските активности. Разговарано било и за тековните и идните проекти кои треба да придонесат за развој на културниот живот во Гостивар и збогатување на понудата за граѓаните.

    Еден од објектите на кој му е потребно сериозно подобрување е Гостиварскиот театар, за чија состојба министерот оцени дека е „очајна“.

    „Гостиварскиот театар го затекнавме во очајна состојба, со руинирани простории, неред и без соодветни услови за работа на актерите и за прием на публиката. Сепак, објектот ќе биде трансформиран благодарение на ангажманот и соработката на директорите на Театарот и Центарот за култура „АСНОМ“, кои го делат истиот објект, како и благодарение на донацијата од Турската агенција за соработка и координација ТИКА. Конечно, доаѓаат подобри денови за Гостиварскиот театар“, стои во изјавата на Сулејмани.

    На состаноците било разговарано и за улога на установите во развојот на културната понуда во градот, но и за можностите за поголемо поврзување на културата со туризмот.

    Од Министерството посочуваат дека богатото културно наследство на Гостивар и потенцијалот на Полошкиот Регион создаваат можности за развој на културниот туризам и поголема афирмација на локалните културни вредности.

    Министерството за култура и туризам најавува дека ќе продолжи со непосредна комуникација со културните установи и локалните чинители, со цел навремено да се утврдуваат потребите и да се реализираат конкретни активности и проекти за подобрување на нивното функционирање.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 минути

    Министерот Сулејмани во Гостивар – Какви се условите и потребите на културните установи?

    Спортпред 7 часа

    Затворено Светското првенство во крапски риболов во Маврово – Уловени вкупно 1.428 риби, најуспешна Украина

    Македонијапред 8 часа

    Метеоаларм за цела Македонија денес, портокалова фаза на горештини

    Гостиварпред 1 ден

    Во Бигорски изработени одежди инспирирани од реткото наследство на манастирската работилница од 18 век

    Гостиварпред 1 ден

    Гостивар: Две жени пријавиле семејно насилство, едната и силување

    Гостиварпред 1 ден

    Акција во Галичник: Приведени 5 лица-пронајдени кокаин, халуциногени печурки, марихуана, таблети

    Македонијапред 1 ден

    Зголемен сообраќај на патиштата, најмногу се чека на Богородица

    Здравје и убавинапред 1 ден

    Септември, месец за подигнување на свеста за перименопауза: Промени во телото и психата кои треба да се разберат

    Технологијапред 2 дена

    Зошто рутерот треба повремено да се исклучи од струја

    Гостиварпред 4 недели

    Загина човек во судир на возила на патот Гостивар-Кичево

    Занимливостипред 4 недели

    Вечерва Месечината ќе го затемни Сонцето – Делумната фаза ќе се гледа и од Македонија

    Занимливостипред 4 недели

    Светски ден на мачките: Љубопитни, палави, независни миленичиња

    Гостиварпред 3 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Здравје и убавинапред 3 недели

    Риба на трпезата – 5 видови кои се добри за здравјето, а не се прескапи

    Гостиварпред 2 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Вестипред 3 недели

    Гостивар: Уапсен 45 годишник за напад, принудување на сексуални односи и малтретирање на сопругата

    Занимливостипред 4 недели

    Августовско чудо на небото – Персеидите го достигнуваат својот максимум

    Гостиварпред 2 недели

    Уапсени 7 лица во гостиварско Куново, во викендици најдени пушки и пиштол

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 2 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони