Поврзи се со нас

Вести

Православен празник Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)

Објавено

на

    Православните верници денеска го слават празникот Рождество на Пресвета Богородица, познат и како Мала Богородица. Рождество на Пресвета Богородица е првиот голем празник во новата литургиска година и богослужбениот циклус на Светата православна црква.

    Пресвета Богородица, Марија, е родена од родители Јоаким и Ана, кои живееле во Назарет. И двајцата биле многу скромни, побожни и ги помагале сиромасите и болните. Долго време немале деца, а ќерката ја добиле после пет децении брак.

    Македонскиот народ, со многу внимание ја празнува и слави Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос. Многу цркви го носат нејзиното име, а има и голем број преданија за чудотворни икони со ликот на мајката божја. Меѓу народот овој празник се слави и со различни обичаи, посебно посветени на раѓањето. Се верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто, а особено на леунките, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Заедно со Рождеството, според календарот на МПЦ-ОА, денеска се празнуваат и иконата на Пресвета Богородица во Калишта и иконата на Пресвета Богородица Почајевска. Следниот ден по Мала Богородица, на 22 септември црквата го празнува споменот на нејзините родители Јоаким и Ана.

    Сподели ја веста:
    10 години Gostivarpress.mk
    На денешен ден пред 5 и 10 години...
    Се сеќавате?
    Пред 5 години | 21.09.2021
    Пред 10 години | 21.09.2016
    Архива 10 години • Gostivarpress.mk
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 3 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони