Живот
Успешна приказна на “ГОСТИВАРСКИТЕ ММА БОРЦИ”
Објавено
пред 5 годинина

Веке 8 години во Гостивар функционира ММА клубот Protector-Dolcino MMA fight club. Повлечени во својот клуб надвор од јавноста напорно работат, тренираат и полека го заземаат своето место во врвот на квалитетни ММА клубови во Македонија.
Предводени од тренерот Гоце Димитриевски – Нинџа со стегнати тупаници ги совладуваат сите предизвици кои се испречуваат пред нив. Ги посетивме да ни ја раскажат својата приказна.
ГП: Кога е формиран Protector клубот и како дојдовте до идеја да го формирате?
Protector-Dolcino MMA fight club е формиран во 2008 година. Идејата беше и од многу поодамна да направиме вакво место каде ќе се “пробаме” сите вљубеници на боречки спортови. Едноставно желбата беше преголема и не можевме повеќе да чекаме, со подршка на Ивица Петковски кој несебично ни помага до ден денес успеавме заеднички да го создаеме клубот.
ГП: Твоето искуство како борец, одлучи да го пренесеш на помладите?
Со боречки вештини се занимавам од 15 години. Почнав со кик бокс 1996 во клубот Емона. Во самиот старт бев доста успешен, два пати државен првак 1996 и 1997. Во 2000 бев втор на државно првенство во лоу-кик, каде после тоа добив одлична понуда професионално да продолжам со бокс. Но продолжив да ја усовршувам мојата техника.
Во 2007 се запознав со Гоце Цандовски кој ме внесе во ММА спортот. Во 2010 го имав првиот ММА професионален меч и првата победа. 2011 освоив второ место на грипинг турнир во Задар, тој период имав 6 професионални борби. 2013 добив покана да го посетам кампот на најпознатиот светски клуб ALL STARS во Стокхолм и тренирам со светските борци Александар Густафсон, Илир Љатифи, Магнус Седенбланд и др.
Кога требаше да продолжам во овој клуб ALL STARS ми се случи потешка повреда со што завршти мојата професионална кариера. Сега единствена моја цел е целото мое знаење и искуство да го пренесам на членовите на клубот.
ГП: Досегашни натпреварувања, успеси?
Со клубот учествуваме на сите натпревари што се одржуваат во државава, неважно дали е натпреварувачки или ревијален карактер. Важно да се претставиме и промовираме овој спорт. Со клубот имаме преку 70 борби аматерски и профи во сите категории. ММА имаме околу 25 борби, 13 победи.
ГП: Кои се плановите за во иднина?
Пред се да го зачуваме контиунитетот и квалитетот на работа во клубот. Да се трудиме да направиме што повеќе квалитетни борци, потоа успесите сами ќе си дојдат. Ќе бидеме пресреќни ако успееме и на државно ниво да формираме ММА федерација со што би ни се отвориле вратите кон Европа.
ГП: Дали клубот е отворен за нови членови?
Добродојдени се сите оние кои имаат желба напорно да тренираат.
Поразговараме и со двајца од членовите на клубот кој веќе имаат повеќе професионални борби и се светла иднина на Македонската ММА. Вредно е да се напомене дека и двајцата целосно потекнуваат од Protector-Dolcino MMA fight club.
Филип Стефановски (22)
ГП: Колку време се занимаваш со овој спорт?
Тренирам ММА од 15-та година, значи 7 год. Претходно имам тренирано и шотокан карате.
ГП: Колку професионални борби, победи?
Досега имам 5 професионални борби од кои 4 победи (во прва минута) и еден пораз.
ГП: Кои натпреварувања ти следуваат во иднина и на што ќе се фокусираш?
Моментално напорно се спремам за меморијалниот турнир во Велес, на 7 октомври кој се одржува во чест на погинатите бранители од Kуманово. Ќе настапуваме домашни против странски борци.
Сакам да учествувам на овој турнир бидејќи единствено така можам да им оддадам почит на бранителите. Секако тука е и прекрасното чувство кога настапувам пред домашна публика. Во иднина планирам да се фокусирам на усовршување на одредени аспекти од ММА и подобрување на арсеналот од техники, посебно боксот.
ГП: Важиш за најдобар твоја категораија во државава?
Во Македонија нема официјален ранг на ММА борци. Но конкретно во мојата категорија се сметам за најдобар и најискусен.
Блашко Петковски (18)
ГП: Од колку години почна да тренираш?
Почнав да тренирам со самото отварање на клубот во 2008 година,кога имав 10 години.
ГП: Колку професионални борби, победи?
Вкупно имам 12 официјални борби. Во ММА, граплинг, кик бокс (кик лајт и лајт контакт) и 3 победи. Најзначајна победа ми е во кик бокс во Штип, со која се пласирав на меѓународен турнир во Анталија.
ГП: Што би им препорачал на твоите врсници?
Би им порачал да не се плашат да го превземат следниот чекор доколку навистина посакуваат нешто. Секој може да има голем успех само со голема желба и посветеност кон спортот. Овој спорт е во фаза на раст бидејќи е еден од поновите и тоа може да се искористи за големи успеси.
Ви благодариме за срдечниот пречек.
gostivarpress.mk ви посакува многу успех и многу победи !
фотo: Н.П gostivarpress.mk
Вработувања Полог:

Двајца браќа се товарат за насилство во Гостивар, нападнале жена и две машки лица

Во што ја претворивме Земјата за помалку од 40 години?

Гостиварци хумани – даруваат крвна плазма за лекување на ковид болни

Девојка од Гостивар пријавила силување во куќа каде татко и‘ ја омажил сосила

Денеска регистрирани се 603 нови случаи на ковид, починати 39 лица

Од први мај почнува електронски упис на првачињата, следуваат обуки за училиштата

Ги нападнал сопругата, синот и снаата, а во ПС Гостивар оштетил просторија

Нелегална сеча на дрва – ОВР Гостивар приведе две лица

КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје

Нов Ултра леток на Ултра Маркети, заштедете до 48%

Детали од официјалното упатство за вакцината СПУТНИК – мерки на претпазливост, реакции…

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ: Нова месечна акција (16.04.21 – 15.05.21)

Денот што го чекавте! Отворени новите УЛТРА МАРКЕТИ во Гостивар, одлична понуда и квалитет, прифатливи цени

Во Албанија уапсен гостиварец баран од Интерпол

Тажна вест-Почина познатиот актер Луран Ахмети

Тромботичен ефект кај девојка од Македонија која примила „Астра Зенека“ во Србија

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Гостиварпред 2 месеци
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Занимливостипред 2 месеци
Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот
- Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
- Спортпред 4 недели
КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје
- Гостиарскипред 2 месеци
Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))
- Гостиварпред 3 месеци
Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар
- Македонијапред 2 месеци
Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?