Гостивар
СОНК регион Гостивар: Нема технолошки вишок во школите, има со скратен фонд на часови, под ризик кадарот без решение
Почетокот на секоја учебна година носи предизвици и потешкотии околу организацијата на наставата и кадарот. Годинава, овие прашања се дополнително актуелни, со оглед на процесот на оптимизација на училишната мрежа што го започна Министерството за образование и наука, спојувањето на паралелки и континуираното намалување на бројот на ученици.
Според регионалниот Синдикат за образование и наука во училиштата во регионот на Гостивар, Врапчиште и Маврово-Ростуше нема пријавен технолошки вишок меѓу вработените со решение за работа. Сепак, има случаи на наставен кадар со скратен фонд на часови, а најголем ризик од губење на ангажманот имаат лицата кои работат со договор на дело.
„Моментално, во трите општини што ги покрива СОНК во регионот технолошки вишок нема, сите што се со решение се ангажирани, дали со оптимизација, дали со дополнување на активности што се предвидени во склоп на образовниот систем во училиштата. Но, секако имаше и има ризик во дел од кадарот којшто нема решение, односно се со договор на дело“, вели Тафа Амети, претседател на СОНК за регионот Гостивар и потпретседател на СОНК на Македонија.
Намалувањето на бројот на ученици директно го зголемува ризикот за овој дел од кадарот, бидејќи, како што објаснува Амети, оние кои немаат решение за работа се први погодени кога се намалува потребата од наставен кадар. „Бројот на деца паѓа, апсолутно тие што немаат решенија за работа се првите загрозени да останат без ангажман“, вели тој.

Од СОНК велат дека веќе има случаи во неколку училишта каде договорите не биле продолжени. Точната бројка, засега не им е позната.
Оптимизацијата и намалениот број на ученици влијаат и врз фондот на часови кај дел од наставниците. Според Амети, кога наставник има решение за работа со определен фонд на часови, постојат механизми дел од часовите да се дополнат, вклучително и во други училишта. „Реално по закон, ако има решение за работа до 20 часа, може директорот да го намали решението до 10, ако ги прифаќа добро, ако не се објавува конкурс. Ако падне под 10 часа, тогаш излегува како технолошки вишок“, објаснува Амети и додава дека кога се намалува фондот, се бараат дополнителни часови во други училишта за да се избегнат поголеми намалувања на платата и појава на технолошки вишок.
„На оние на кои им се крати фондот на часови, за да нема поголеми кратења од плата им се наоѓаат часови и во други училишта за да се дополни и да не дојде до технолошки вишок. И законски по колективен договор така стои“, вели претседателот на СОНК за регионот.
На почетокот на новата учебна година МОН информираше дека во земјава учебната година ја почнуваат 238 илјади ученици, од кои 174 илјади основци и 64 илјади средношколци, а трендот на намалување на бројот на ученици продолжува. Времено се затворат 26 подрачни училишта и има околу 430 паралелки помалку.
-
Животпред 3 месециМатуранти јубилејци од Гостивар: 60 години сложна генерација, емоции, вредности!
-
Гостиварпред 2 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
