Поврзи се со нас

Гостивар

Гостивар: Деца на 12 и 16 години возеле без дозвола, едното предизвикало несреќа и побегнало

Објавено

на

    Тројца малолетници, меѓу кои и дете на само 12 години, викендов што измина биле затекнати како управуваат моторни возила во гостиварскиот регион, соопшти полицијата. Двајца од нив се на возраст од 16 години, а во еден од случаите малолетникот предизвикал сообраќајна несреќа и го напуштил местото на настанот.

    На 19 септември во 16:30 часот во село Топлица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишиле од слобода 16-годишен малолетник од селото, кој управувал автомобил „мицубиши колт“ без регистарски таблички. Во село Добридол со возилото предизвикал сообраќајна несреќа, по што го напуштил местото на настанот.

    Истиот ден, во 17:30 часот во Врапчиште, полициски службеници од Полициското одделение Галате сопреле мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, кој го управувал 12-годишен малолетник од селото. Случајот е поврзан со кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик (Загрозување на безбедноста на сообраќајот). СВР Тетов наведе дека по насоки на јавен обвинител, следува разговор со малолетникот во присуство на родител и инспектор за малолетници.

    Во трет случај, на 20 септември во 02:30 часот, на улицата „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полицијата сопрела патничко возило „фиат“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 16-годишен малолетник од село Ѓурѓевиште. При контролата било констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола. Малолетникот бил лишен од слобода.

    Возилата биле одземени, а по документирањето на случаите, од полицијата најавуваат дека ќе следуваат соодветни поднесоци.

    Сподели ја веста:
    10 години Gostivarpress.mk
    На денешен ден пред 5 и 10 години...
    Се сеќавате?
    Пред 5 години | 21.09.2021
    Пред 10 години | 21.09.2016
    Архива 10 години • Gostivarpress.mk
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 19 минути

    Гостивар: Деца на 12 и 16 години возеле без дозвола, едното предизвикало несреќа и побегнало

    Македонијапред 2 часа

    Услови за дожд и посвежо време во следните денови

    Вестипред 3 часа

    Православен празник Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица)

    Македонијапред 19 часа

    Синдикалната кошница стигна до 69.432 денари, за една година порасна за 4.355 денари

    Гостиварпред 22 часа

    Два века светилиште во Дуф: Обновениот храм, жив завет за идните генерации

    Рецептипред 24 часа

    Зимница од ферментиран морков: Крцкаво и киселкасто, а без оцет

    Светпред 2 дена

    Почна најголемата пивска прослава во светот: Шест пиварници, милиони гости и литар пиво до 15,90 евра

    Гостиварпред 2 дена

    Во контрола во Гостивар затекнати тројца питачи

    Гостиварпред 2 дена

    Гостиварец пријавил дека некој копал и се подготвува да гради на негова парцела

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 3 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони