Поврзи се со нас

Македонија

Македонските граѓани ќе мора да вадат ETIAS одобрение за патување во Европа, цената е 20 евра

Објавено

на

    Македонските граѓани кои ќе патуваат во земјите опфатени со новиот европски систем за патни одобренија ќе треба однапред да обезбедат ETIAS (European Travel Information and Authorisation System). Станува збор за електронско одобрение за патување, кое ќе биде задолжително за државјаните на земји со безвизен режим со ЕУ, меѓу кои е и Македонија.

    Според информациите објавени од Националната асоцијација на туристички агенции, таксата за ETIAS ќе изнесува 20 евра. Од плаќање ќе бидат ослободени лицата под 18 и над 70 години, но и тие ќе треба да имаат одобрена ETIAS авторизација. Одобрението ќе важи до три години или до истекот на пасошот со кој е поднесена апликацијата, зависно од тоа што ќе настапи прво. ETIAS ќе биде електронски поврзан со пасошот и ќе овозможува повеќекратни патувања.

    Сепак, со воведувањето на системот не се менува правилото за должината на престојот. За македонските граѓани и понатаму важи можноста за краткорочен престој до 90 дена во период од 180 дена.

    Аплицирањето за ETIAS ќе се врши електронски, при што ќе се внесуваат лични податоци и информации од патната исправа. Поради тоа, патниците ќе треба внимателно да ги внесат податоците, особено оние од пасошот. Превозниците, меѓу кои авиокомпаниите и автобускиот превоз, ќе проверуваат дали патниците ги исполнуваат условите за патување. Тоа значи дека недостатокот на потребното одобрение може да создаде проблем уште пред патникот да се качи во превозното средство, нагласуваат од Националната асоцијација.

    ETIAS не е исто што и EES. Двата европски системи често се мешаат, но имаат различна функција. ETIAS е електронско одобрение кое се обезбедува пред патувањето. EES (Entry/Exit System) е систем за дигитално евидентирање на влезот и излезот на патниците на надворешните граници на земјите кои го применуваат системот, со регистрација на податоци и биометриски информации.

    Важно е и тоа што одобрениот ETIAS не значи автоматски гарантиран влез во Европа. Конечната одлука дали патникот ги исполнува условите за влез и понатаму ја носат граничните органи.

    Според информациите од Националната асоцијација ETIAS е планиран да започне во последниот квартал од 2026 година (октомври–декември 2026).

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 минути

    Македонските граѓани ќе мора да вадат ETIAS одобрение за патување во Европа, цената е 20 евра

    Светпред 2 часа

    Путин: Распоредување европски сили во Украина би значело војна со Русија

    Локални Избори 2025/2026пред 3 часа

    Партиите ги објавија кандидатите за градоначалник на Брвеница

    Гостиварпред 5 часа

    Загина 21 годишник во судир на два голфа на патот Гостивар-Стража

    Гостиварпред 6 часа

    Бигорски ја прослави главната манастирска слава, тројца нови монаси во братството

    Македонијапред 22 часа

    Околу 40% од странските туристите во земјава во јули биле од Турција

    Гостиварпред 23 часа

    Во Гостивар упасено 22 годишно лице барано за затворска казна

    Гостиварпред 1 ден

    СОНК регион Гостивар: Нема технолошки вишок во школите, има со скратен фонд на часови, под ризик кадарот без решение

    Македонијапред 1 ден

    Акција и претреси на над 30 локации во Скопје за фалсификувани возачки дозволи

    Гостиварпред 3 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Здравје и убавинапред 4 недели

    Риба на трпезата – 5 видови кои се добри за здравјето, а не се прескапи

    Гостиварпред 3 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Вестипред 4 недели

    Гостивар: Уапсен 45 годишник за напад, принудување на сексуални односи и малтретирање на сопругата

    Животпред 4 недели

    Гостиварци на највисокиот врв на Алпите: Членови на ПСК „Бистра“ се искачија на Мон Блан

    Гостиварпред 3 недели

    Уапсени 7 лица во гостиварско Куново, во викендици најдени пушки и пиштол

    Гостиварпред 4 недели

    Комуналец Гостивар: Од 4 наутро прекин на водата заради санација на дефекти на главната цевка

    Што, како, каде?!пред 3 недели

    „Кино на отворено“ во Гостивар: Две филмски вечери во Градскиот парк

    Спортпред 3 недели

    Елиф Елмас официјално е нов фудбалер на Аталанта

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 2 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони