Поврзи се со нас

Гостивар

Ќе правите ли ајвар? Септемврискиот пазарен ден во Гостивар во знак на црвената пиперка

Објавено

на

    Подготовката на зимница на овие простори е традиција која се пренесува со генерации. Обично токму во овој период од септември започнува подготовката на домашните резерви за зимските месеци: најпознатиот ајвар, па лутеница, сос од домати, мармалад од сливи и други зимници од сезонското овошје и зеленчук.

    Денешната слика од вторничниот пазарен ден се вклопи во традиционалната септемвриска атмосфера на подготовка на зимица. Главна на тезгите беше црвената пиперка, ајварка. Пазарот раздвижен, муштериите разгледуваа, одбираа, прашуваа за цената и потеклото на пиперката, додека продавачите се обидуваа што подобро да ја понудат својата стока и да продадат повеќе.

    Продавачите рекоа дека денеска повеќе граѓани ги прашувале за потеклото на ајварката, од претпазливост по информациите дека македонска пиперка била вратена од бугарската граница поради утврдени пестициди. Станува збор за повеќе од 21 тон пиперка, во два случаи во август и септември. „Има и такви кои се плашат да купуваат“, забележаа дел од продавачите, додавајќи дека прашањата за потеклото годинава се почести.

    Според нив, интерес за пиперката има, но продажбата е послаба во споредба со претходните години и се купува во помали количини.

    Граѓаните сепак не се откажуваат од традицијата. Велат дека зимница ќе прават, макар и помалку од порано. Навикнати се дома да имаат тегла ајвар, лутеница или домашен мармалад, слатко и сакаат таа традиција да ја зачуваат. Сепак, и тие кажуваат дека количините ги намалуваат, некои заради цените, други заради тоа што децата им се иселиле во странство…

    Што се однесува до цените, на повеќето тезги ајварката се продаваше 40 денари за килограм, а имаше и понуди од 30 денари за килограм или 3 кг за 100 денари. Цената на сливите беше 40-50 денари за килограм, на јаболката, праските и грозјето од 50 до 70 ден. Корнишоните главно беа со цени од 60 денари за килограм, иако покрупните се продаваа и поевтино, а доматите од 50 денари нагоре. Компирот и кромидот одеа по 100 денари за 3 килограми, тиквиците 3 парчиња за 50 денари, додека модриот патлиџан  2 парчиња за 50 денари. Везените пиперки кои исто така се барани за зимница држеа цена од 100-120 денари за килограм.

    Сезоната на зимницата допрва започна. И во следниот период на гостиварскиот пазар се очекува да има зголемена понуда на сезонски зеленчук и овошје, а граѓаните постепено ќе ги набавуваат потребните производи за ајвар, лутеница, мармалади и останатите домашни зимски резерви. Традицијата продолжува, иако, како што велат и купувачите и продавачите, во помали количини.

     

    Сподели ја веста:
    10 години Gostivarpress.mk
    На денешен ден пред 5 и 10 години...
    Се сеќавате?
    Пред 5 години | 15.09.2021
    Пред 10 години | 15.09.2016
    Архива 10 години • Gostivarpress.mk
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Ќе правите ли ајвар? Септемврискиот пазарен ден во Гостивар во знак на црвената пиперка

    Гостиварпред 4 часа

    Засилени контроли на електричните тротинети во Гостивар, 50-тина казни за два месеци

    Спортпред 5 часа

    Македонија против Португалија ја бара првата победа на ЕвроВолеј 2026

    Гостиварпред 5 часа

    Двајца млади пријавиле физички напад и закани со остар предмет во Гостивар

    Гостиварпред 7 часа

    Ловното друштво „Бистра“ од Гостивар подготвено за новата ловна сезона

    Македонијапред 8 часа

    Метеоаларм за попладнево, нестабилност со невреме

    Македонијапред 22 часа

    Објавени листите на примени студенти во студентските домови

    Македонијапред 24 часа

    Колку ќе се зголемат пензиите? Фондот да ги објави процентот и пресметката, бара Партијата на пензионери

    Гостиварпред 1 ден

    Симулациска вежба во Гостивар: Како правилно се укажува прва помош на повредени

    Гостиварпред 1 ден

    Гостиварец нападнал вработена во угостителски објект

    Гостиварпред 4 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Гостиварпред 4 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Животпред 4 недели

    Гостиварци на највисокиот врв на Алпите: Членови на ПСК „Бистра“ се искачија на Мон Блан

    Гостиварпред 3 недели

    Уапсени 7 лица во гостиварско Куново, во викендици најдени пушки и пиштол

    Гостиварпред 7 часа

    Ловното друштво „Бистра“ од Гостивар подготвено за новата ловна сезона

    Гостиварпред 4 часа

    Засилени контроли на електричните тротинети во Гостивар, 50-тина казни за два месеци

    Гостиварпред 4 недели

    Комуналец Гостивар: Од 4 наутро прекин на водата заради санација на дефекти на главната цевка

    Македонијапред 8 часа

    Метеоаларм за попладнево, нестабилност со невреме

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 3 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони