Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Висок крвен притисок – Тивок, а опасен непријател на здравјето

Објавено

на

    Хипертензијата или високиот крвен притисок е тивка, подмолна болест која може да нема никакви симптоми со години. Тоа е главниот фактор на ризик за кардиоваскуларни заболувања. За да се открие навреме потребно е правилно и редовно да се мери притисокот.

    Високиот крвен притисок не мора да има симптоми

    Нормалната вредност на крвниот притисок е 120/80 mmHg, а со возраста вредноста се зголемува поради стареењето, а потоа горната вредност на нормалниот притисок е 140/90 mmHg. Високиот крвен притисок е исклучително опасен и кај некои луѓе може да не покажува никакви симптоми. Сепак, понекогаш многу рано, пациентите со висок крвен притисок чувствуваат некои од симптомите на хипертензија, како што се болка и притисок во главата, црвенило на лицето, замор, гадење, анксиозност, палпитации, визуелни нарушувања, зуење во ушите или крварење од носот.

    Се проценува дека во светот 33% од возрасната популација на возраст од 30-79 години има хипертензија. Ефективното управување со хипертензијата го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар, како и откажување на бубрезите.

    Како да се намали крвниот притисок?

    Добрата вест е дека постојат начини да се намали ризикот од висок крвен притисок. Така, пред сè е неопходно да се намали внесот на сол. Солта е многу опасна, а често ја има во многу скриени намирници и производи како што е на пример кечапот.

    Покрај тоа, треба да се јаде урамнотежена исхрана и да се елиминира одредена храна. Исто така, важно е да престанете да пушите, како и да избегнувате прекумерно консумирање алкохол. Вежбањето и воопшто секоја физичка активност е одлична за целото тело, а ќе влијае и на намалување на крвниот притисок и одржување на нормална телесна тежина. Исто така, важно е редовно да се проверуваат повремено вредностите на крвниот притисок.

    На притисокот влијаат многу работи, особено исхраната. А овие се неколку намирници кои не треба да ги консумирате доколку сакате да имате нормален крвен притисок.

    Замрзната пица

    Замрзнатата пица е крајно неблагодарна за вашиот крвен притисок. Комбинацијата на состојки во замрзнатите пици е доста богата со шеќер, заситени масти и натриум. Исто така, за да го задржат вкусот откако пицата ќе се испече, а потоа ќе се замрзне, производителите покрај сол користат и разни конзерванси. Односно сè што не треба да јадете воопшто ако се грижите за крвниот притисок.

    Кисели краставички

    Киселите краставички обично немаат многу калории и масти и се полни со витамини, но се полни и со сол. За конзервирање и кисела храна потребна е голема количина сол, па се наведува дека една мала кисела краставица содржи околу 448 милиграми натриум. Постојат опции со помалку сол, но ако сте загрижени за крвниот притисок, не би било лоша идеја да ја намалите количината на кисели краставички во вашата исхрана или целосно да ги елиминирате.

    Супи од кеса

    Супите од кесичка се евтини, лесни за подготовка и вкусни. Сепак, тие се богати со натриум, што значи дека можат да го подигнат вашиот крвен притисок. Едно пакување супа од домати има 1.110 милиграми натриум, додека супата од пилешко и зеленчук може да има дури 2.140 милиграми. Инаку, препорачаната количина на натриум дневно е од 1.500 до 2.300 милиграми, во зависност од тежината на човекот, па затоа е многу подобро да се исклучи супата од кесичка и да се зготви домашна супа.

    Шеќер

    Заедно со солта, шеќерот е исто така доста проблематичен за крвниот притисок. Индиректно, прекумерната потрошувачка на шеќер, особено во газираните пијалоци, може да доведе до прекумерна тежина. Дебелите луѓе имаат поголеми шанси да добијат висок крвен притисок. Поради оваа причина, најдобро би било да го исфрлите шеќерот од вашата секојдневна исхрана.

    Алкохол

    Кратко и јасно – прекумерното консумирање алкохол го зголемува крвниот притисок. Освен тоа, алкохолот може да ја намали и ефикасноста на лековите за крвен притисок, а содржи и многу шеќер и калории. Значи, не е навистина мудро да пиете алкохол ако се грижите за вашето здравје.

    Сподели ја веста:
    10 години Gostivarpress.mk
    На денешен ден пред 5 и 10 години...
    Се сеќавате?
    Пред 5 години | 15.09.2021
    Пред 10 години | 15.09.2016
    Архива 10 години • Gostivarpress.mk
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 2 часа

    Ќе правите ли ајвар? Септемврискиот пазарен ден во Гостивар во знак на црвената пиперка

    Гостиварпред 5 часа

    Засилени контроли на електричните тротинети во Гостивар, 50-тина казни за два месеци

    Спортпред 6 часа

    Македонија против Португалија ја бара првата победа на ЕвроВолеј 2026

    Гостиварпред 6 часа

    Двајца млади пријавиле физички напад и закани со остар предмет во Гостивар

    Гостиварпред 8 часа

    Ловното друштво „Бистра“ од Гостивар подготвено за новата ловна сезона

    Македонијапред 9 часа

    Метеоаларм за попладнево, нестабилност со невреме

    Македонијапред 23 часа

    Објавени листите на примени студенти во студентските домови

    Македонијапред 1 ден

    Колку ќе се зголемат пензиите? Фондот да ги објави процентот и пресметката, бара Партијата на пензионери

    Гостиварпред 1 ден

    Симулациска вежба во Гостивар: Како правилно се укажува прва помош на повредени

    Гостиварпред 1 ден

    Гостиварец нападнал вработена во угостителски објект

    Гостиварпред 2 часа

    Ќе правите ли ајвар? Септемврискиот пазарен ден во Гостивар во знак на црвената пиперка

    Гостиварпред 4 недели

    Инспекција одзеде златен накит вреден околу 87.000 евра од златарница во Гостивар

    Гостиварпред 4 недели

    АНКЕТА: Дали ја пиете водата од градскиот водовод во Гостивар?

    Гостиварпред 5 часа

    Засилени контроли на електричните тротинети во Гостивар, 50-тина казни за два месеци

    Животпред 4 недели

    Гостиварци на највисокиот врв на Алпите: Членови на ПСК „Бистра“ се искачија на Мон Блан

    Гостиварпред 8 часа

    Ловното друштво „Бистра“ од Гостивар подготвено за новата ловна сезона

    Гостиварпред 3 недели

    Уапсени 7 лица во гостиварско Куново, во викендици најдени пушки и пиштол

    Гостиварпред 4 недели

    Комуналец Гостивар: Од 4 наутро прекин на водата заради санација на дефекти на главната цевка

    Гостиварпред 8 месеци

    Богојавление Водици 2026 во Гостивар: Осветени водите на Вардар, радост и сплотеност кај граѓаните

    Гостиварпред 2 години

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 2 години

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 2 години

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 2 години

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 2 години

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 2 години

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 2 години

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 3 години

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    огласи за вработување:

    Advertisement

    следете нѐ и на телеграм

    Популарно во последните 100 дена

    Поважни Телефони