Гостивар
„Стоп на насилството врз жените“, панел дискусија во Гостивар на Форумот на жени на ДУИ
Форумот на жени на ДУИ од огранокот во Гостивар вечерва организираше панел дискусија на тема „Не молчи. Стоп на насилството врз жените”. Како што објаснија организаторките, целта е да се подигне свеста за проблемот со насилството врз припадничките од женскиот пол, гласно да се говори за последиците како и за чекорите што може да се преземаат за превенирање.
„Целта е да се сензибилизира јавноста, сакаме на некој начин да придонесеме да се намалат таквите појави на насилство врз жените, кои ги има и внатре во семејството, но и надвор од него, во општеството“, рече Вјолца Латифи Адеми, пратеничка во Собранието од редовите на ДУИ.

Социологот Тренделина Деари, една од говорничките на панел дискусијата, оцени дека податоците за состојбата со семејното насилство на гостиварското подрачје се поразителни.
„Според статистиките што ги извадив од Министерството за внатрешни работи, последната година пријавени се 120 случаи на семејно насилство. Бројот е драматичен и од ден на ден расте. Во однос на превенцијата, таа почнува во самото семејство, односно со воспитувањето и едукцијата на децата. Тука секако е и надминувањето на предрасудите во општеството, затоа што жртвите на насилство се на некој начин обележани како „виновници“, и на тој проблем се гледа како да е приватен, а не работа на институциите и општеството. Недостигаат засолништва каде би можеле тие жени да се згрижат, а голема улога игра и тоа што се финансиски зависни“, подвлече Деари.

Пред присутните на настанот зборуваше и Себајете Зенку, граѓански активист за женски права.
Се сеќавате?
„Стоп на насилството врз жените“, панел дискусија во Гостивар на Форумот на жени на ДУИФорумот на жени на ДУИ од огранокот во Гостивар вечерва организираше панел…
557 нови случаи на ковид во земјава, починале 28 пациентиВо последните 24 часа регистрирани се нови 557 случаи на Ковид-19, од…
КК Гостивар стартува против Еуроникел во КавадарциДенеска во македонската куќа на кошарката на заеднички состанок со претставници на…
Видео презентација на новиот плоштад Гостивар[embed]https://youtu.be/DjK_h0IwDqQ[/embed] Општина Гостивар претстави и видео презентација на предлог проектот за новиот…
Авалон продукција број 1 на БалканотСпоред сите релевантни статистички показатели, Авалон Продукција за прв пат во својата…
-
Гостиварпред 3 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециИзложба на делата создадени на ликовната колонија „Гостивар 2026“

