Македонија
7 новозаразени со западно-нилска треска, вкупната бројка достигна 65
Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, минатата недела, во периодот од 9 до 15 септември се регистрирани седум нови случаи, со што вкупниот број заболени во земјава годинава достигна 65 лица.
Од новите случаи, пет се од Скопје, а по еден е регистриран кај жител на Велес и Кавадарци.
Заклучно со 15 септември, од вкупно 65 регистрирани случаи, 60 се потврдени, а пет се водат како веројатни, согласно дефиницијата на случај. Најголемиот број заболени се од Скопје, 60 лица. Два случаи се регистрирани во Велес, а по еден во Куманово, Свети Николе и Кавадарци.
Според ИЈЗ, 64 случаи се автохтони, односно инфекцијата е стекната во земјава. Кај еден случај постои историја на патување во Грција, но инкубацискиот период опфаќа и престој во Македонија.
Податоците покажуваат значителна разлика според возраста и полот. Од вкупниот број заболени, 51 лице или 78,5% се мажи, додека 14, односно 21,5% се жени. Најголемиот број случаи се кај лица над 60 години, 51 пациент. Следуваат осум лица на возраст од 50 до 59 години, двајца на возраст од 40 до 49 години, едно лице на возраст од 30 до 39 години и три лица на возраст од 20 до 29 години.
Од регистрираните случаи, 63 лица имале невроинвазивна болест, при што сите биле хоспитализирани. Според последните податоци: 45 лица, односно 71,4% од хоспитализираните потврдени случаи, се испишани; 10 лица, или 15,9% сè уште се на лекување, а 8 лица починале.
Просечното времетраење на лекувањето кај испишаните и починатите пациенти изнесува 14 дена.
Во 2026 година досега се регистрирани осум смртни случаи кај пациенти со невроинвазивна форма на Западно-нилска треска, што е 12,3% од регистрираните потврдени случаи.
Сите починати пациенти биле мажи, со просечна возраст од 71,9 години. Најмладиот имал 62, а најстариот 83 години. Сите биле жители на Скопје и сите биле хоспитализирани, а кај седум од осумте починати лица биле регистрирани коморбидитети.
Се сеќавате?
„Стоп на насилството врз жените“, панел дискусија во Гостивар на Форумот на жени на ДУИФорумот на жени на ДУИ од огранокот во Гостивар вечерва организираше панел…
557 нови случаи на ковид во земјава, починале 28 пациентиВо последните 24 часа регистрирани се нови 557 случаи на Ковид-19, од…
КК Гостивар стартува против Еуроникел во КавадарциДенеска во македонската куќа на кошарката на заеднички состанок со претставници на…
Видео презентација на новиот плоштад Гостивар[embed]https://youtu.be/DjK_h0IwDqQ[/embed] Општина Гостивар претстави и видео презентација на предлог проектот за новиот…
Авалон продукција број 1 на БалканотСпоред сите релевантни статистички показатели, Авалон Продукција за прв пат во својата…
-
Гостиварпред 3 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
-
Гостиварпред 4 часаОВР Гостивар лиши од слобода маж, истурил врело кафе врз сопругата по караница
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете

