Гостивар
Во Гостивар нема алармантен пад на опфат со МРП, од октомври ревакцинација на првачињата
Скоро 90% од децата родени во 2025 година во Гостивар досега ја примиле првата доза МРП вакцина (морбили, рубеола, паротитис-заушки). Од Службата за вакцинација на Здравствениот дом во Гостивар велат дека во моментов нема драстичен пад на бројот на вакцинирани деца како во други подрачја и состојбата е под контрола. Сепак, упатуваат апел родителите редовно да ги вакцинираат децата и да не ја прескокнуваат МРП вакцината, што стана почесто во изминатите години во други градови.
Министерството за здравство неодамна потсети на значењето на редовната имунизација и ги повика родителите да ги носат децата на МРП вакцина, особено поради зголемениот број случаи на морбили во дел од земјите во регионот.
Според податоците од Службата за вакцинација во Гостивар, од вкупно 368 деца родени во 2025 година, прва доза МРП годинава примиле околу 89%. Медицинските лица велат дека позначително одбивање за вакцината не е забележано, но има поединечни случаи во кои родителите одбиваат да го вакцинираат детето и со нив се разговара и се прават консултации. „На родителите им се објаснува за вакцината, се разговара со нив и во најголем дел од случаите потоа долучуваат децата да бидат вакцинирани. Важно е родителите да не ја одложуваат вакцинацијата без причина.“, велат од случбата за вакцинација во Гостивар.
За децата кај кои првата МРП доза била одложена, медицинските лица посочуваат дека вакцината може да се прими до навршување две години возраст. Оттаму апелираат родителите кои имаат дилеми или ја одложиле вакцинацијата да се консултираат со здравствените работници, наместо целосно да ја прескокнат.
Од 1 октомври во Гостивар ќе започне и ревакцинацијата на првачињата со МРП. Процесот ќе се спроведува за учениците од сите основни училишта, а подготовките со известувањата и координацијата веќе се прават. Од Службата за вакцинација велат дека досегашната соработка со училиштата и родителите е добра и дека децата во најголем дел ја примаат вакцината. Во текот на минатата година околу 30 првачиња не ја примиле ревакцината. Тие се планирани да бидат опфатени со вакцинацијата годинава. Процесот веќе е започнат, а досега се вакцинирани пет-шест деца од оваа група.
Податоците од последниот национален извештај за имунизацијата покажуваат дека состојбата на ниво на државата е посложена. Според Извештајот за реализација на Националната програма за имунизација за 2025 година, опфатот со првата доза МРП на национално ниво бил 62,7%, додека опфатот со ревакцинација бил 84,7%.
Се сеќавате?
„Стоп на насилството врз жените“, панел дискусија во Гостивар на Форумот на жени на ДУИФорумот на жени на ДУИ од огранокот во Гостивар вечерва организираше панел…
557 нови случаи на ковид во земјава, починале 28 пациентиВо последните 24 часа регистрирани се нови 557 случаи на Ковид-19, од…
КК Гостивар стартува против Еуроникел во КавадарциДенеска во македонската куќа на кошарката на заеднички состанок со претставници на…
Видео презентација на новиот плоштад Гостивар[embed]https://youtu.be/DjK_h0IwDqQ[/embed] Општина Гостивар претстави и видео презентација на предлог проектот за новиот…
Авалон продукција број 1 на БалканотСпоред сите релевантни статистички показатели, Авалон Продукција за прв пат во својата…
-
Гостиварпред 3 месециЗемјотрес во Гостивар!
-
Гостиварпред 3 месециКомуналец Гостивар: Водата не е безбедна за пиење!
-
Културапред 3 месециГостиварскиот автор Љубомир Јованоски – Кара со нов роман: „Проклетството на суетата“ е приказна за власта, егото и човечките слабости
-
Културапред 3 месециНово книжевно дело на Дејан Крстески-Стихозбирка за човекот, отуѓеноста, внатрешните борби…
-
Гостиварпред 3 месециГостивар од ноќеска без вода-Комуналец: Дефектот е саниран, водоснабдувањето наскоро ќе се нормализира
-
Културапред 3 месециИзложба на уметникот Владимир Темков во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 3 месециНа одмор без дефекти: Пет проверки на автомобилот што не треба да ги прескокнете
-
Културапред 3 месециИзложба на делата создадени на ликовната колонија „Гостивар 2026“

