Зборовите се нешто исто како и еден куп луѓе, не мораш да знаеш за нив се`. Треба само да ги избереш за себе оние вистинските....
Запомни, никој не може да предизвика чувство на ниска вредност кај тебе, без твоја дозвола. Еленор Рузвелт
Подобро запалете светло, отколку да ја проколнувате темнината. Кинеска поговорка
Кога ви се чини дека се` е изгубено, сетете се дека ви е преостаната иднината. Christian Nestell Bovee (писател)
Треба да се знае кога да се постави граница на сопствената амбиција, лудост е да се посакува тоа што не може да се има. Пиндар
Право да критикува има само оној што е подготвен да помогне. Абрахам Линколн
Ако си трпелив во моментот на лутина, ќе избегнеш сто денови на тага. Кинеска мудрост
Оној кој најтешко ветува, секогаш е тој кој најверно го исполнува ветувањето. Жан Жак Русо
Во животот, за разлика од шахот, играта продолжува и после – МАТ Исак Асимов
„Колку грижи губи една личност кога ќе одлучи да не биде нешто, туку некој…“ Коко Шанел