Рецепти
Пита со зеленчук и два вида сирење
Оваа пита е одлична за појадок или вечера, лесна за подготовка, со богат вкус, а убава и на изглед. Послужете ја со чаша јогурт или кисело млеко. Вреди да се проба!
Состојки:
4 јајца
100 гр. фета сирење
100 гр. кравјо сирење
1 чаша масло
1,5 чаша млеко
3,5 чаши брашно
1 прашок за пециво
2 компира
2 домати
3 зелени пиперки
2 млади кромидчиња
лажичка сол
Подготовка:
Најпрво излупете и исечкајте ги на мали парчиња компирот, доматите, зелената пиперка и кромидот. Потоа изматете ги јајцата, па во нив додадете го исецканиот зеленчук, сол, двете врсти сирење, маслото и млекото. Добро измешајте и на крајот додадете ги брашното и прашокот за пециво.
Намрсете го плехот и ставете ја смесата да се пече на 200 степени околу 30 до 35 минути.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот