Поврзи се со нас

Македонија

Денеска е Летник

Објавено

на

Летник — македонски народен празник, којшто се празнува секоја година на 14 март (1 март по стар календар) и е поврзан со враќањето на птиците преселници од јужните краишта во Македонија. Овој празник всушност во народните верувања е празник за почеток на пролета односно летниот период, периодот на цутењето на пупките на дрвјата и почетокот на земјоделските работи.

Поради ова негово значење, празникот често е квалификуван и како празник за почетокот на годината во смисол на активниот работен период од годината. Празникот најчесто се празнува во Западна Македонија, односно во Мавровско, Галичник и Мијачијата, Голо Брдо, Пустец, Дебарско, Преспа, Охридско и Струшко. Празникот има повеќе народен отколку верски карактер па така во оние области каде живеело верски мешано население Македонци-православни и Македонци-муслимани како во Голо Брдо и Реканската област празникот го прославувале сите, и православните и муслиманите.

Големиот број обичаи и верувања поврзани со овој ден потекнуваат од претхристијанскиот период и имаат цел да обезбедат среќа и напредок за луѓето и стоката и магиска заштита од разни несреќи.

Најголем дел од нив поврзани со овој празник се случуваат вечерта спроти празникот. Тогаш се бере кукурек и се запотнуваат куќите, плевните, шталите, потоа посебно се запотнуваат креветите, ношвите, огништето, амбарите, леите, плугот и др. Се верува дека потката ќе ги чува овие објекти како и луѓето и добитокот од разни болести и други несреќи.

На денешен ден  14 март (1 март по стар календар), Светата православна црква го празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија – родена во феникискиот град Илиополе. Преданието сведочи дека како девојка била многу убава и дека со неморал спечалила огромно богатство. Во тоа време по вера била Самарјанка. Подоцна го примила Христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашните христијани и се закалуѓерила. Во манастир минала 56 години. По наредба на тогашниот управник на Илиополе била исечена со меч во 152 година.

Именден празнуваат Евдокија, Дочка, Мартин, Марта…

Меѓу позначајните обичаи поврзаи со овој ден е правењето мартинки. Тие најчесто се прават од бел и црвен конец, и се носат околу вратот или на рацете или нозете. Најчесто го носат само децата, но во некои краишта ги носеле сите членови од семејството како магиска заштита од разни несреќи.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 35 минути

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 4 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 5 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 16 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 17 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 19 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 20 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 22 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена