Поврзи се со нас

Гостивар

Завршени 89% од експропријацијата за автопатот Гостивар-Тетово, 27% за Букојчани–Гостивар

Објавено

на

За автопатите што ќе се градат на коридорите 8 и 10д во јануари годинава се спроведени геотехнички испитувања на делниците  Гостивар – Тетово,  Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп. На делниците Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп имало и земјени работи,  а делницата Ќафасан-Требеништа-Струга нема никакви активности, покажува Извештајот  на надзорот за прогресот на изградба на автопатите што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“.

Во текот на јануари годинава, изведувачот работел претежно на експропријација, геодетска мрежа, топографски премер, геотехнички испитувања, спецификации и дизајн на автопат.

Извештајот покажува дека за делницата Гостивар Тетово извршена е експропријација на 89 проценти од имотот,  за Букојчани – Гостивар на 27 проценти, а за делницата Битола Прилеп на 70 проценти. За Гостивар-Тетово се изготвени 88 проценти од урбанистичките проекти, за Букојчани Гостивар 28 проценти, а за Битола-Прилеп 75 проценти. За Гостивар Тетово и Букојчани Гостивар се спроведени и 75 проценти од топографските истражувања, а такви активности нема за останатите две делници. Направени се 61 процент од потребните геотехнички испитувања за патната секција Гостивар-Тетово, 49 проценти за Букојчани-Гостивар и 34 проценти за делницата Битола – Прилеп. Напредокот на работите за спецификација и проектирање на автопатот до крајот на јануари годинава на првата делница изнесува 23 проценти, на втората седум, а на четвртата девет проценти.

Во претходниот извештај за прогресот на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани беше наведено дека целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања.

Договорот со „Бехтел и Енка“ во вредност од 1,3 милијарди евра беше потпишан во март минатата година. Со него треба да се изгради автопатска мрежа во вкупна должина од 109 километри.

Од другите автопати во изградба, Собранието минатиот месец изгласа законски дополнувања  со кои 31 декември 2026 година е утврден како краен рок за завршување на автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри, што се гради од 2014 година.  – Пролонгирањето е поради појавени 13 нови свлечишта  на трасата, како резултат на првичниот несоодветен проект и предвремен почеток на изградба на оваа делница, образложи Владата за проектот што го гради кинески „Синохидро“.

Од автопатот во изградба Скопје-Блаце во вкупна должина од 12,5 километри, во завршна фаза е изградбата на првите два километри, а за останатите од втората фаза во тек е евалуација на понудите за избор на изведувач.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 26 минути

Шест причини зошто пешачењето после вечера е добро

Вестипред 4 часа

Захарова: Русија ќе нападне британски цели доколку британското оружје го употреби Украина за удар на руска територија

Македонијапред 4 часа

Повеќе можни кандидати за претседател на СДСМ по оставката на Ковачевски

Гостиварпред 5 часа

Обновен и разубавен натписот Гостивар во градскиот парк

Гостиварпред 7 часа

Конференција во Гостивар: Треба да се направи се‘ за младите да останат тука

Гостиварпред 8 часа

Болница Гостивар-Пуштено во употреба обновеното невропсихијатриско одделение

Гостиварпред 9 часа

Инцидент во угостителски објект во Гостивар

Спортпред 11 часа

Аталанта го совлада Баер Леверкузен и ја освои Лигата на Европа

Здравје и убавинапред 12 часа

Висок крвен притисок – Тивок, а опасен непријател на здравјето

Гостиварпред 4 недели

Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Поради дефекти прекин во водоснабдувањето во дел од Гостивар и Бањица

Гостиварпред 2 недели

Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад

Гостиварпред 3 недели

Напад на малолетник во угостителски објект во Гостивар

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

Македонијапред 2 недели

9 мај – Ден на победата над фашизмот

Гостиварпред 4 недели

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

Претседателски избори 2024пред 4 недели

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

Гостиварпред 4 недели

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена