Поврзи се со нас

Спорт

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Објавено

на

Екипите на КК Гостивар и Работнички синоќа пред полу-празни трибини во Спортската сала Младост го одиграа дерби натпреварот од 11. коло во кое убедливо славеше гостинот од Скопје со резултат 65-86.

Гостиварци беа рамноправен противник само во воведните минути односно до 11-11, потоа Работнички ја презеде предноста, која ја задржа до крајот на натпреварот. Имаа домаќините неколку периоди кога беа во можност и резултатски да се доближат до противникот, но се тоа завршуваше избрзано и неорганизирано.

Рикиќ со 23 поени и 14 скока беше најдобар поединец кај победничкиот тим, кај Гостивар по 15 поени запишаа Џонс и Вилијамс.

Актерите на теренот прикажаа атрактивен натпревар, со доста атрактивни потези и на двата обрачи, но не и ефективен, посебно не, за екипата на КК Гостивар која го запиша седмиот пораз сезонава и со скор од 7 порази и 4 победи, „виси“ на 8. позиција, со еден бод предност пред Кожув кој е во црвената зона на испаѓање.

Несвојствена позиција на која КК Гостивар никогаш не се нашол од кога се врати во Првата лига, ако се земе предвид дека токму после ова 11. коло се одредуваат двојките за Кошаркарскиот КУП, гостиварци го избраа најтешкиот можен пат во натпреварувањето, кое во историјата двапати го имаат освоено.

Алармот во КК Гостивар трепка со години наназад, но „бело-сините“ секогаш изнаоѓале начин како да се надминат препреките и продолжи традицијата која веќе 7 децении е дел од Гостивар. Актуелната состојба на табелата и досегашните резултати во првиот дел од сеозната нималку не наликуваат на она што го заслужува Гостивар како кошаркарски центар во земјава, на потег е раководството на КК Гостивар кое има доволно време во вториот дел од сезоната да изнајде начин и да го врати КК Гостивар во помирни води.

Во следното коло КК Гостивар му гостува на КК Пелистер во Битола.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена