Поврзи се со нас

Гостивар

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Објавено

на

На голем црковно-народен собир со почитување на сите православни традиции и обичаи, денес во гостиварско Пожаране беше осветена возобновената црква „Свети Климент Охдирски“, издигната на месноста Климентија. Чинот на осветување на храмот го изврши митрополитот на тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф во придружба на свештенослужители од двете намесништва.

„Зарем има поголема причина од денешната сите ние во голем број и со голема радост да сме собрани на ова древно место, има ли повозвишена причина од денешната, кога како верници сме повикани да земеме учество во овој редок свештен настан. Милостивиот Бог дари токму на Климентовиот празник да не‘ собере заедно да го искусиме божјиот благослов и да го осветиме овој свет храм. Во изминатите години сложно и гордо го изградивте, имајќи го постојано предвид преданието дека овде некогаш престојувал нашиот денешен славеник Свети Климент-Охридскиот Чудотворец. Предавајќи го од колено на колено ова предание, вие денес го исполнивте аманетот на вашите предци и со изградбата на овој храм засекогаш истото го сочувавте од заборав. Постојано чувајте ја нашата православна вера за да и таа нас нè сочува. Сè можеме да изгубиме и имотот и функциите, но најважно е да не ја изгубиме верата. Бидејќи кога верата ќе ја сочуваме, тогаш и материјалното Бог ќе ни го надокнади. Да бидеме праведни и чесни, искрено да живееме, да служиме со вистина, да не викаме само дека имаме цркви, туку и да одиме во нив. Со осветувањето на овој храм, пожаранци се збогатени со уште едно место за молитва. Секој храм на земјата е всушност парче небо на земјата и кон него треба да се однесуваме свето. Тоа имајте го постојано на ум кога ќе го пречекорувате црковниот праг и кога ќе доаѓате на богослуженијата, запамтете дека вие сте зачекориле на небото. “, кажа меѓу другото Владиката во својата беседа пред присутните.

Значајниот свет чин собра голем број верници од целиот регион, на што Месната заедница, Црковниот одбор и ктиторот Гоце Томовски како иницијатори на возобновувањето на храмот искажаа искрена благодарност.

„На ова место била една од првите цркви во Пожаране. Има предание дека од тука поминал Свети Климент со своите ученици и посадил еден даб, кој беше 700-800 години стар. Старото црквиче инаку беше многу малечко, имаше железна врата и се сеќавам како деца овде игравме фудбал и влегувавме и внатре, сме палеле свеќи. Уште многу одамна старите пожаранци сакале да ја обноват црквата, но од некои причини тоа не се случило. Во 2005-та година Месната заедница има донесено одлука за изградба на оваа црква, но до 2015-та година не беа спроведени никакви активности. Потоа, господинот Гоце со желба да биде ктитор и со црковниот одбор се договоривме храмот да се возобнови заеднички. На тој начин во 2015-та беше удрен камен темелникот и потоа полека, полека дојдовме до денешниот свет чин.“, рече Стојче Николовски, претседател на Црковниот одбор.

За ктиторот Томовски, денешниот ден беше ден на гордост и духовна исполнетост, која со радост ја сподели со сите.

„Она што ме поттикна и мотивираше да бидам ктитор е моето потекло, христијанството, ширењето на македонштината, сакав да помогнам за возобнувањето на овој храм, за селото Пожаране. Во 2015-та ги поставивме темелите, следната година се заврши црквата со тоа што наредниот период се работеа градежни работи околу самата црква, пауза имаше во пандемијата, а потоа дадовме поголем напор да се заврши и еве денес го остевуваме овој храм. Благодарност до сите христијани, пријатели, верници што ми помогнаа и ме поддржаа, да издржиме да ја завршиме црквата. Денес сум горд, среќен весел, тоа што го ветив го постигнав. Благодарност уште еднаш до сите, Господ да им помогне и да ги благослови.“, кажа Томовски.

Свети Климент-Охридски Пожаране (11)
Свети Климент-Охридски Пожаране (13)
Свети Климент-Охридски Пожаране (17)
Свети Климент-Охридски Пожаране (4)
Свети Климент-Охридски Пожаране (2)
Свети Климент-Охридски Пожаране (3)
Свети Климент-Охридски Пожаране (9)
Свети Климент-Охридски Пожаране (1)
Свети Климент-Охридски Пожаране (16)
Свети Климент-Охридски Пожаране (7)
DSC_08681
Свети Климент-Охридски Пожаране (6)
Свети Климент-Охридски Пожаране (12)
DSC_0933
Свети Климент-Охридски Пожаране (18)
Свети Климент-Охридски Пожаране (5)
Свети Климент-Охридски Пожаране (8)
Свети Климент-Охридски Пожаране (10)
Свети Климент-Охридски Пожаране (14)
Свети Климент-Охридски Пожаране (15)
DSC_0868
Свети Климент-Охридски Пожаране (11) Свети Климент-Охридски Пожаране (13) Свети Климент-Охридски Пожаране (17) Свети Климент-Охридски Пожаране (4) Свети Климент-Охридски Пожаране (2) Свети Климент-Охридски Пожаране (3) Свети Климент-Охридски Пожаране (9) Свети Климент-Охридски Пожаране (1) Свети Климент-Охридски Пожаране (16) Свети Климент-Охридски Пожаране (7) DSC_08681 Свети Климент-Охридски Пожаране (6) Свети Климент-Охридски Пожаране (12) DSC_0933 Свети Климент-Охридски Пожаране (18) Свети Климент-Охридски Пожаране (5) Свети Климент-Охридски Пожаране (8) Свети Климент-Охридски Пожаране (10) Свети Климент-Охридски Пожаране (14) Свети Климент-Охридски Пожаране (15) DSC_0868

По чинот на осветувањето на храмот беше отслужена и прва света Божествена Литургија, како и крштевање на двата сина на ктиторот, по што Црковниот одбор додели благодарници на поединци, фирми и установи кои дале свој придонес и поддршка во возобновувањето на црквата. Благодарница во оваа прилика доби и Gostivarpress.mk.

Празнувањето продолжи со братско-сестринска трпеза и народна веселба.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Македонијапред 1 час

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Гостиварпред 3 часа

Собир по повод Денот на независноста во Гостивар: Сложно, заеднички да ја градиме и доградуваме Македонија!

Гостиварпред 5 часа

Концерт на ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ за 8 Септември: Да ја сакаме и почитуваме татковината!

Спортпред 5 часа

Македонските фудбалери денеска против Фарски острови стартуваат во Лигата на нации

Здравје и убавинапред 6 часа

Црвени, жолти или зелени – Кои пиперки се најздрави?

Македонијапред 7 часа

Продолжениот викенд носи гужви на границите, за излез се чека и по еден час

Технологијапред 19 часа

Дали некогаш ви биле прикажани реклами на Фејсбук за производите за кои штотуку зборувавте?

Вестипред 22 часа

Истрага во Германија: Наместени 17 натпревари, под лупа и Бундеслигата

Македонијапред 23 часа

Денот на независноста ќе се одбележи под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

Гостиварпред 3 недели

Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени

Гостиварпред 3 недели

Нападнати малолетници ноќеска на улица во Гостивар

Здравје и убавинапред 4 недели

Газираната вода има свои предности, но и потенцијални ризици

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Влегол во плацот за подигнати возила од „пајакот“ и одзел автомобил

Гостиварпред 3 недели

Годинава за прв пат света Архијерејска литургија во манастирот „Свето Преображение Христово“ во Гостивар

Здравје и убавинапред 4 недели

Како оцетот може да ви помогне ако имате проблем со стапалата

Спортпред 4 недели

Почина легендата на македонската кошарка Лазар Лечиќ

Гостиварпред 1 недела

Прекин на водата во Малеарди, населба Млаки и дел од село Дебреше

Македонијапред 4 недели

Од септември линеарно зголемување на пензиите за 2 500 денари, во март за уште толку

Гостиварпред 1 месец

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 6 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 6 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 8 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 8 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 9 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 9 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 1 година

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 година

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Огласи за работа:

следете нѐ и на телеграм

Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена