Поврзи се со нас

Гостивар

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Објавено

на

Големата сала на Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар вчеравечер беше исполнета до последното столче на концертот на Влатко Стефановски Трио, кој установата го организираше по повод Денот на независноста на Македонија, 8 Септември. Во публиката, гостиварци од сите генерации уживаа во деведесетминутното музичко шоу на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски, придружуван од младите мегаталенти Иван Кукиќ на бас гитара и Јан Стефановски на тапани.

„Во оваа сала не сум бил 15 години, концерт од ваков тип во Гостивар не сум имал цели 15 години. За оваа вечер има уште еден куриозитет, а тоа е што ова е прв концерт во Македонија на ова трио, летово. А, бевме на пат, на настапи дури 46 дена низ Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, насекаде свиревме, а еве во Гостивар е првиот концерт во Македонија летово. Наидовме на многу убаво гостопримство во Гостивар од домаќините и драго ми е што настапуваме пред ваква одлична публика, навистина не‘ очекувавме толку, благодариме од срце. Особено сум горд на ова трио, многу сум задоволен од досегашната работа, затоа што таква ритам секција многу тешко се наоѓа, не само во регионот, верувам и пошироко, многу е тешко да се најде ритам секција која дише заедно, свири како едно, звучи добро, која има фокус и концентрација за време на целиот концерт, навистина сум среќен и задоволен“, рече во изјава за Gostivarpress.mk, Влатко Стефановски.

Триото изведе бројни препознатливи нумери со етно нишка, рок и поп хитови од времето на Леб и Сол, а се свиреше и џез и блуз музика. Концертот се затвори со безвременската „Бистра вода“ со која музичарите испратија и честитка за празникот. Публиката ненаситна за квалитетно музичко доживување, со огромен аплауз ги врати на бис.

Во знак на почит и признание за 50 години музичко творештво и кариера, гостиварскиот Центар за култура на Стефановски му додели Плакета.

Концертот се организираше со поддршка на Министерството за култура.

Сподели ја веста:
Најновата емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…

Гостиварпред 3 недели

Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа

Гостиварпред 4 недели

Во Гостивар отворена работилница за бесплатна поправка на стари предмети-Помалку отпад, развој на занаетчиството

Гостиварпред 3 недели

Маврови Анови: Со црева краделе гориво од службени возила

Гостиварпред 3 недели

На гостиварска патарина уапсени машко и женско лице за киднапирање

Гостиварпред 2 недели

Пријави за четири физички и едно правно лице за легализација на дивоградба во Општина Маврово и Ростуше

Гостиварпред 2 недели

Страотен случај во Гостивар: Мајка го оставила седуммесечното бебе само во куќа речиси дехидрирано

Гостиварпред 3 недели

Пукна над гостиварска Горна Бањица-Старт на градежните работи на Коридорот 8

Гостиварпред 4 недели

Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен

Гостиварпред 4 недели

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 1 месец

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 2 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 2 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 2 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Во Ниќифорово достоинствено и гордо одбележан 1 век од раѓањето на великанот Чеде Филиповски-Даме

Гостиварпред 2 месеци

Коњаницата „Бигорски Манастир–Патот на црешовото топче“ продефилира во Гостивар, најмладиот учесник е Никола од Тумчевиште

Гостиварпред 3 месеци

Завршна изложба на делата од ликовната колонија „Гостивар 2023“

Гостиварпред 4 месеци

Јунски пазарен ден во Гостивар со полни тезги, еве ги цените

Огласи за вработување:

Промотивно видео

АНКЕТА:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена