Спорт
ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Попладнево се одиграа пет средби од 6.коло во ПМФЛ. ФК Гостивар на домашен терен го пречека Силекс, екипата од Кратово славеше на Градскиот стадион во Гостивар со 1-2.
По изедначеното отворање на натпреварот без многу шанси и на двете страни гостиварци ја презедоа иницијативата и се повеќе се играше на половината на Силекс, гостите поведоа со автоголот на Гоба во 40. минута. Пред истекот на првото полувреме играчот на Силекс, Серафимоски заработи втор жолт картон по што кратовчани останаа со играч помалку.
Во вториот дел Гостивар ги засили нападите кон противничкиот гол по што стигна до израмнување во 64. мунута, Тимовски со супер гол го израмни резултатот за голема радост на домашната публика, кога се очекуваше домаќините да дојдат до цел плен, по една контра на гостите противничкиот играч беше соборен во шестнаесетникот на Гостивар по што судијата покажа на белата точка. Ристовски беше прецизен и донесе три бода за тимот од Кратово.
По шест одиграни кола ФК Гостивар се наоѓа на последната позиција, со 3 освоени бодови, во следното коло му гостува на ФК Вардар во Скопје.
Останатите денешни резултати од ПМФЛ:
Брера – Работнички 0-0
Шкендија – Шкупи 0-0
Вардар – Македонија ЃП 2-1
Воска – Брегалница 2-0
Во Понеделник:
Струга – Тиквеш
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!