Гостивар
Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!
Празникот Водици на кој сите води стануваат осветени и лековити, ги собра православните верници од Гостивар на заедничка прослава и радувања. Манифестацијата Богојавление-Водици во Гостивар годинава се организираше по јубилеен десетти пат од возобновувањето на традицијата, и како што доликува помина достоинствено со масовно присуство и поддршка од верниците.
По светата литургија утрово во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ , литијата тргна од градскиот плоштад и преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост на Вардар, пеејќи ја песната „Во Јордање“.
Чинот на осветување на водите на Вардар го изврши Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф, по што го положи светиот крст во реката. Во вадењето на крстот учествуваа триесетина момчиња и за прв пат едно девојче. Како што веќе информираше Gostivarpress.mk крстот од Вардар го извади 17 годишниот Огнен Анастасијески, кој за подарок доби икона.
Од Иницијативниот одбор за прослава на Водици во Гостивар истакнаа задоволство од текот на одбележувањето и упатија благодарност за големото присуство на верниците.
Богојавление народот го празнува како еден од најголемите христијански празници, зашто на тој ден Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан. Со тоа на овој празник му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата. Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина. Празникот се однесува на настанот на Христовото крштевање во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител, кој уште се вика и Претеча што значи претходник. Тој со своето учење одел пред Исус, што значи му претходел на Исус и затоа е наречен Претеча. Св. Јован го повикувал народот на покајание и му кажувал дека е дојдено времето кога ќе се појави Спасителот на Светот. Притоа луѓето ги крштевал со вода и им кажувал дека тој што ќе дојде по него ќе ги крсти со Свет Дух.
Бог се јави – Навистина се јави!
Фотогалерија на Телеграм
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 2 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба