Поврзи се со нас

Вести

Изјава на Кашмир Салиу од ДСР – Кои се причините за поддршката на ДУИ и СДСМ?

Објавено

на

Советникот од Демократските сили на Ромите, Кашмир Салиу по завршувањето на денешната седница на Советот на општина Гостивар даде изјава во која ги образложи причините за одлуката да ја поддржат коалицијата ДУИ- СДСМ и да влезат во мнозинството на советот, иако на локалните избори коалицираа со ВМРО ДПМНЕ.

„Од конститутивната седница нашата партија и јас бевме на тапет на целата јавност за случувањата на локално ниво. Сакам да кажам дека одлуката да ја поддржиме коалицијата на ДУИ, СДСМ и НДП на Весел Мемеди беше донесена на централно ниво на нашата партија во консултации со општинската организација во Гостивар поради односот на ВМРО ДПМНЕ. Нивната советничка група се пазареше со актуелниот градоначалник за неколку директорски и заменички места, а колачот не сакаше да го дели со ромската партија. Ние од конститутивната седница дејствуваме како Демократски сили на Ромите. За тоа што не обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ дека ние не сме биле легитимни и дека не сме придонеле за гласови на локалните избори, сакам да им порачам: нека си ја видат разликата во гласови на советничката листа и нивниот кандидат за градоначалник, има 1.200 гласови.  Ние како партија во Гостивар имаме 1.500 членови. Сметаме дека овој чекор што го презедовме на долгорочни патеки позитивно ќе се рефлектира на ромската заедница во Гостивар “, изјави Салиу.

Мнозинството во Советот на општина Гостивар беше формирано токму со гласот на советникот од ДСР.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 49 минути

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 2 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 3 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 4 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 5 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 6 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 7 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 8 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 10 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена