Вести
Дечињата во Гостивар со песна го најавија Христовото раѓање (фото)
Дечињата денес создадоа празнична атмосфера и расположение низ гостиварските улици, најавувајќи го со песна утрешниот празник Божиќ, денот на Христовото раѓање.
Поворката тргна од Црквата Пресвета Богородица на градскиот плоштад, се движеше низ улиците „Илинденска“ и „Гоце Делчев“ и заврши во црквата Св.Петка кај железничката станица. Децата ги симболизираат ангелите, на чело на поворката ја носеа Витлеемската пештера, а носеа и божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Ги имаше од сите возрасти, дојдени да учествуваат во оваа возобновена православна традиција.
Придружувани од свештенослужителите од гостиварското архиерејско намесништво, најмалите гостиварци со радост и со гордост ја пееја коледарската песна Вечниот Бог.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот