Вести
Евроамбасадорот Жбогар во посета на Гостивар
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар денес беше во официјална посета на општина Гостивар, каде оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари. Како што рекоа на заедничкиот прес, на едночасовната средба во кабинетот се разговарало за проекти коишто се реализираат на гостиварското подрачје со финансиска поддршка на ЕУ, нови можности за користење на европските фондови, актуелните случувања во општината и друго.
„Чест ми е што сум денес во Гостивар, имавме пријателска средба со градоначалникот со кого се познавам и од порано. Разговаравме за проектите кои овде се имплементирале во минатото, но исто така и за проекти кои би можеле да се имплементираат во иднина. Гостивар како општина може да има многу придобивки, затоа што самата Европска Унија нуди можности за кои Гостивар може да аплицира“, изјави Амбасадорот.
Задоволство од посетата на Жбогар изрази и гостиварскиот градоначалник. „Меѓу другото Амбасадорот не информираше дека ќе има проекти кои се однесуваат на меѓугранична соработка за кои ние ќе може да конкурираме како општина во соработка со други општини, посебно од Република Албанија и Република Косово“, изјави Таравари.
Официјалниот дел од посетата на општина Гостивар, евроамбасадорот Жбогар го заокружи со потпишување на меморандум за соработка со организаицјата Метаморфозис за спроведување на проект на гостиварското подрачје.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот