Гостивар
Есенски пазар со украсени плодови во градинките во Гостивар (фото)
Градинките во Гостивар денес наликуваа на шарени есенски градини, исполнети со радост и насмеани детски лица. Во установите под мотото „Златна есен“ се организираше пазар, на кој се продаваше есенско овошје и зеленчук, декорирани и украсени на креативен начин од страна на децата од средните и големите групи и родителите во соработка со воспитувачките.
„Денеска имаме прекрасен есенски настан под мотото златна есен, кој се одржува во сите три градинки во Гостивар. Есенски пазар на кој нашите дечиња ги нудат креативните производи од овошје и зеленчук кои самите ги изработија. Сакам да им се заблагодарам на родителите кои издвоија дел од своето време и дојдоа да го поддржат настанот.“, рече Мирјана Мицоска, директор на детските градинки во Гостивар.
Во знакот на есента дечињата рецитираа песнички за ова годишно време и носеа капчиња со изработени плодови, а родителите имаа можност да изберат и купат уникатни производи изработени од рацете на нивните најмили.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот