Поврзи се со нас

Гостивар

Акција за уредување околу спомен-плочата на загинатите градители на ХЕС Маврово во Торбешки мост

Објавено

на

    Здружението „Акцијаш“ од Гостивар вчера по повод Денот на Акцијашите – 1 Април организираше акција за уредување на локацијата на спомен-плочата подигната во месноста Торбешки мост во чест на загинатите градители на Хидросистемот Маврово. Во активноста, покрај припадниците на здружението, учествуваше и синдикалната подружница на ХЕС „Маврово“ – Гостивар.

    „Програмата на активности на Здружението „Акцијаш“ од Гостивар секоја година традиционално е поддржана од АД ЕСМ, подружница ХЕС „Маврово“, во знак на благодарност на некогашните младински работнички бригади, кои со нивното волонтерско учевство во работни акции изградиле многу капитални објекти ширум државата.“, соопштија од ЕСМ.

    Мавровскиот хидросистем е еден од најголемите и најзначајните објекти изградени од овие младиниски работнички бригади. Првата фаза од неговата изградбата почнала во 1947 година, а завршила по 13 години, во 1960 година. Во 1952 година започнало да се полни Мавровското Езеро кое претставува најголемото вештачко езеро во Македонија. Водите што се влеваат во езерото се собираат од површина од над 500 km2 од планининските масиви на Кораб и Шар Планина. Водата се пренесува со канали и цевководи долги над 130 километри.

    Во февруари годинава беа одбележани 68 години од мавровската снежна трагедија, кога големи снежни лавини однесоа 52 човечки животи. Трагедијата се случила ноќта на меѓу 10 и 11 февруари 1956 година, по долината на Радика (Торбешки мост и Стрезимир) кога снежни лавини од планината Кораб се урнале врз куќи, караули и бараките на градителите. Како последица на лавините биле затрупани стотина луѓе. Спасувачките екипи успеале да извлечат само половина од нив.

    Во нивна чест подоцна се подигнати спомен плочата лоцирана во месноста Торбешки мост, како и меморијалниот споменик во близина на Маврови анови каде што секоја година симболично се оддава почит во спомен на загинатите градители.

    фото:ЕСМ

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 4 дена

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Македонијапред 4 недели

    Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

    Светпред 3 недели

    Рускиот претседател Путин објави велигденско примирје – запираат сите воени операции

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Пчеларката Весна од Гостивар и нејзините вредни пчелки

    Што, како, каде?!пред 4 недели

    „Ла Шишко 3“ со повторно отворени врати за љубителите на слатки задоволства

    Гостиварпред 4 недели

    „Браќа Ѓиноски“ со Велигденски концерт на Велики Четврток

    Културапред 4 недели

    Да се претстават обичаите, да се задржи традицијата! Велигденски концерт со ора и песни во Гостивар

    Културапред 4 недели

    Изложба на фотографии со културното наследство на Гостивар – Да се знае, почитува и чува!

    Гостиварпред 4 недели

    Гостиварски театар ги подготвува претставите „Манијак“ и „Цилиндар“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 9 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена