Македонија
Диплома, лиценца, па обезбедена шестмесечна платена пракса за младите лекари
Младите лекари по дипломирањето и стекнувањето лиценца ќе добијат можност за практична работа во службите на Итна медицинска помош, во вакциналните пунктови и поливалентните патронажни служби, информираше денес Министерството за здравство, по средбата на министерот Венко Филипче со претставници на здруженијата на лекари специјализанти.
„Ова е само еден од многуте чекори кои ги презема Министерството за здравство за подобрување на условите на медицинскиот кадар во земјава“, стои во изјавата на министерот.
Здравствените власти соопштија дека претставниците од здруженијата ги поддржале предлозите и се согласиле да бидат дел од процесите, со кои ќе се реализира предлогот сите лекари штом ќе добијат лиценца, веднаш да им се даде можност 6 месеци да добијат платена практична работа.
Годинава има околу 250 млади лекари кои се завршени или при крај со студиите, а со практичната работа треба да почнат летово.
Министерството за здравство од јануари годинава ја зголеми и основната плата на здравствените работници, здравствените соработници и помошниот технички персонал во здравството. Зголемувањето се движи од 5 до 10 проценти, при што кај лекарите-специјалисти е 10%, за медицинските сестри на клиниките-8 проценти, а останатите медицински сестри добиваат зголемување од 5 проценти. Сите останати здравствени работници добиваат 5-процентно зголемување. За администрацијата во здравството, пак, е предвидено зголемување на основната плата од 5%, од септември, годинава.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот