Поврзи се со нас

Занимливости

Јапонците нашле чаре: Изнајмување на лице на кое може да му кукате за вашите проблеми за само 9 долари

Објавено

на

Инвентивноста, работливоста и креативноста на Јапонците е надалеку позната и безброј пати докажана. Бизнис приказната на 50 годишниот Јапонец, Таканова Нишимото е само уште еден позитивен пример на таа тема.

Тој е сопственик на онлајн-сервис Ossan Rental, преку кој може да изнајмите човек, на кого ќе му се жалите, доверите, кукате и лелекате за сешто што ве мачи. При тоа, лицето кое сте го изнајмиле има обврска да ве сослуша концентрирано, па на крај ако самите побарате и да ви даде некој совет.

Цената на еден час изнајмување е 1.000 јапонски јени, што е околу 9 американски долари.

Нишимото објаснил дека првично целна група му биле средовечните мажи, кои честопати ги исмеваат поради големите пивски стомаци, ќелавоста и нехигиенските навики. Но, со тек на време се покажало дека сите генерации имаат потреба да си се пожалат некому.

„Мислев дека најмногу ќе ми се јавуваат мажи, но сепак тоа се жени на возраст од дваесет до педесет години“, вели тој.

Судејќи според искуствата на онлајн сервисот, Јапонците најмногу ги мачат проблеми во љубовта и кариерата. Сервосот го користат околу 900 луѓе месечно.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена