Гостивар
„Спортот не` обединува“ во Гостивар – настан посветен на децата со посебни потреби
Во спортската сала „Младост“ во Гостивар во рами на културно лето 2019 година, се одржа настан посветен на децата со посебни потреби, под мотото „Спортот не` обединува”.
Дечињата имаа можност да се вклучат во различни спортски активности, карате, кошарка, фудбал и други забавни игри и вежби. Друштво им правеа членови на локални спортски клубови, претставници од локалната самоуправа, јавниот живот, здруженија и волонтери.
Настанот беше организиран од Здружението на лица со посебни потреби „Заедно можеме” со поддршка на Општина Гостивар.
„Им се заблагодаруваме на сите кои беа дел од овој настан и со тоа ја покажаа својата поддршка и љубов кон децата со посебни потреби, кои навистина ни се многу потребни“, рекоа од Здружението.
Од општинскиот Сектор за јавни дејности, велат дека Општина Гостивар посветува посебно внимание на оваа категорија деца и ќе продолжи да организира или поддржува активности во правец на нивната социјална инклузија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот