Поврзи се со нас

Гостивар

Заразените со грип сезонава во Гостивар се бројат на прсти

Објавено

на

Вирусот на грипот кој вообичаено во зимските месеци е доминантна зараза меѓу населението, годинава го нема. За разлика од претходно, кога имало над 100 случаи неделно, сега заболените може да се избројат на прсти. Според евиденцијата на епидемиолошката служба во Гостивар, сезонава во регионот се потврдени само 4 случаи. Во јануари пак до сега, нема ниту еден.

„Состојбата со сезонскиот грипот на подрачјето на гостиварскиот регион, за сега е мирна. За разлика од претходните години, бројките ни се неколкукратно пониски. Во сезоната на пријавување на грип, која почнува од 40-та недела претходната година до сега имаме само 4 поединечни пријави. Од почетокот на оваа година, пак немаме ниту една пријава на грип, ниту од матични лекари, ниту од инфективното одделение.“, изјави епидемиологот д-р Благородна Мишковска-Војновска.

Мерките против корона спречуваат и ширење на грип, велат лекарите.

„Сметам дека тоа се должи на примена на мерките против ковид. Станува збор за респираторно заболување, значи пренесувањето е на ист начин преку аеросоли, преку флигоеви капки. Со примена на заштитните маски,  забраните за собири, посебните протоколи за работа на училиштата и институциите, се спречува и ширење на грипот.“, вели д-р Мишковска-Војновска.

На годишно ниво порано во Гостивар се регистрирале од 1.500 до 2.500 случаи на грип.

Претходната сезона вкупниот број на заболени од грип во Македонија бил 33.171. На гостиварското подрачје биле евидентирани над 1.500 пациенти со грип. Смртни случаи од компликации на грип во земјава имало 3.

Од почетокот на ковид пандемијата, лани во март, на државно ниво потврдени се 90.717 заразени. Во регион на Гостивар оваа бројка изнесува 3.577.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена