Македонија
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да кандидира градоначалник, таму каде што Алијанса/Алтернатива ќе имаат кандидат и обратно
По официјализирањето на соработката за престојните локални избори меѓу опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците/Алтератива, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес изјави дека за одредени општини коалицирањето е договорено уште пред првиот круг.
„Соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива е историски чекор, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за Македонија. Направивме коалиција уште пред првиот круг на локалните избори во определени градови. Ќе се поддржуваме на ниво на кандидати за градоначалници. Договорено е таму каде што коалицијата Алтернатива/Алијанса ќе има кандидат за градоначалник, ВМРО-ДПМНЕ да не кандидира свој, и обратно, каде ќе има кандидат ВМРО-ДПМНЕ, Алинајса/Алтертанива да не кандидираат. Се разбира, тоа се однесува на тие општини каде таа соработка е договорена. Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, немањето визија и страгетија за Македонија, да покажеме дека Македонија има можности и со други политичари надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ.“, изјави Мицкоски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот