Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Шетајте во природа со четири очи отворени

Објавено

на

 

Топлото време ги мами граѓаните слободните денови од викендот да ги искористат за престој и прошетки во природа. Сепак и покрај опуштањето и уживањето, по напорната работна недела, не треба да се заборави на опасностите со кои може да се соочите на отворено, особено овој период, како што се на пример разните инсекти (оси, стршлени и сл.) и крлежите. Неопходна е внимателност, а се препорачуваат превентивни мерки:

-да се носи облека што не остава откриени делови од телото

-краевите на панталоните да се вовлечат во чорапите, а блузите со долги ракави да бидат закопчани до крај

-по можност да се користи специјален спреј против крлежи и инсекти

-да не се нанесуваат парфеми

-да се направи детален преглед на телото по враќање дома

Реакцијата на убоди од крлежи и инсекти е индивидуална. Може да се предизвикаат полесни кожени алергии, црвенила, но и животно-загрозувачки алергиски реакции со гушење. Доколку после убод се забележи дека состојбата се влошува, тогаш задолжително треба да се јавите на лекар. Ако е локална реакција тогаш може да си помогнете со ставање ладна облога и локални антихистаминици.

На лекар треба да се јават и лицата кои по една до две недели откако биле каснати од комарци или крлеж, добиле висока температура, треска и осип по телото, за да се провери дали станува збор за некоја болст пренесена од инсектите.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена