Гостивар
Гостивар: Полиција-Општина/Абдураими и Лимани со сигнал за добра соработка
Советот на Општина Гостивар на денешната седница едногласно ги усвои извештаите за работата на Одделението за внатрешни работи Гостивар за изминатите 2020-та и 2021-ва година. На гласањето му претходеше дискусија и образложение на состојбите со безбедноста, криминалитетот, јавниот ред и мир, сообраќајот и сл.
„На седницата е присутен командирот на полицијата, што сметам дека е добар почеток за понатаму да развиваме и да градиме добра соработка на релација општина-полиција“, рече претседателот на Советот, Ваљбон Лимани.
Командирот на ПС Гостивар, Гази Абдураими ги образложи показателите во извештаите, посочувајќи дека се работи за две години поминати во услови на пандемија.
„И во глобална ковид пандемија ги презедовме сите мерки, да се бориме против криминалот и девијантните појави. Ние имаме добра соработка со јавното претпријатие за паркинг, со кое заедно дејствуваме со пајак службата, како и со „Комуналец“, со училиштата, мислам дека соработката меѓу институциите е важна. Секако и соработката со граѓаните и во таа насока ќе упатам апел до сите кои ќе забележат некои непознати сомнителни лица со сомнително однесување, да пријават кај нас, за да можеме да реагираме ако постои случај на измама, кражба и сл“, рече командирот на ПС Гостивар, Гази Абдураими.
Во дискусијата за оваа точка, советникот Тељат Фетаи од АА/А реагираше дека извештаите на полицијата не се доставени и на албански јазик.
„Толку време веќе албанскиот јазик е официјализиран, а ние извештаите од полиција ги добиваме само на македонски“, рече Фетаи и побара одговор.
Претставниците на ОВР Гостивар одговорија дека не располагаат со служба која адекватно и стручно ќе ги преведе материјалите, но дека ќе се обратат до надлежните раководства ќе побараат да се изврши превод и ќе ги достават извештаите и на албански јазик.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот