Поврзи се со нас

Македонија

Тренчевска: Избран е медијаторот, наставниците да се вратат на работа

Објавено

на

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска вечерва објави дека е избран медијаторот за спорот меѓу Министерството за образование и наука и Синдикатот за образование, наука и култура.

Според Тренчевска, наставниците од утре треба да се вратат на работа бидејќи штрајкот е ставен во мирување, а доколку тоа не го сторат, тогаш ќе се смета дека се неоправдано отсутни и ќе се постапи согласно Законот за работни односи, поточно може да изгубат работа или да биде покрената дициплинска постапка против нив.

Во изјава за телевизија 24, Тренчевска појасни дека се оди кон медијација во случај кога не може двете страни да најдат решение.

– Кога се пристапува кон мирно решавање на спорот, штрајкот се става во мирување. Советот на СОНК постапил согласно закон и кога е прифатена медијацијата, штрајкот се става во мирување. Ако не се вратат наставниците на работа и продолжуваат со штрајкот кој веќе е прекинат со одлука на СОНК, тогаш ќе си сносат одговорност согласно Законот за работни односи – може да изгубат работа, да биде покрената дициплинска постапка…., појасни Тренчевска.

Мидијаторот кој ќе го води спорот меѓу МОН и СОНК е Драгица Исаиловска- Митровска.

Според министерката Тренчевска, се работи за правничка по професија, со долго искуство.

– Таа е непристрасна, го знае правото, Законот за работни односи и законите за образование и има компетенции да биде помирувач. Со нејзината улога верувам дека ќе стигнеме до решение. Ќе има преставници на МОН, на СОНК и заедно со медијаторот ќе учевствуваат во преговорите, изјави Тренчевска.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 41 минута

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 2 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 3 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 5 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 6 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 7 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 8 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 9 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 10 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена