Македонија
Од денес пријавување кандидати за советници во Општина Тетово
Од денеска почнува рокот за пријавување на сите заинтересирани учесници на изборите за Советот на Општина Тетово и согласно роковниот, ќе трае 15 дена, заклучно со 14 јули, во подрачното одделение на ДИК во Општина Тетово.
Како што информираше на денешната седница членот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко, значаен рок за учесниците на изборите е 15 јули, кога е всушност крајниот рок за доставување на листи на кандидати на сите политички партии или независни листи на кандидати преку собирање на потписи.
Во врска со изборите во општините Маврово и Центар Жупа, од ДИК уште еднаш потсетија дека уште трае јавниот увид.
-Увидот е започнат е на 25 јуни и ќе трае до 14 јули, значи 20 дена. Собирањето на потписи пак, за предлагање на листи на кандидати е започнато на 20 јуни, и ќе трае до наредната недела, до 4 јули, исто во подрачните одделенија на ДИК во Гостивар, за Маврово и за Центар Жупа, додаде Кондарко на денешната седница.
Претходно, на владина седница на 14 јуни беше донесено решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери согласно своите уставни надлежности на 21 јуни распиша избори за членови на Советот на Општина Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот