Гостивар
Делегација на Сојузот на турски општини во посета на Гостивар

Висока делегација на Сојузот на турски општини во светот престојува во Гостивар, а одржа и седница на Управниот одбор. Турската делегација ја предводи претседателот на Сојузот, Ибрахим Угур, кој воедно е и градоначалник на град Коња, а со него се уште четири други градоначалници. Општина Гостивар е претставник на балканските општини во Управниот одбор на Сојузот.
„Имавме одлична соработка изминатите четири години, се надевам дека и во идниот период соработката ќе продолжи. Делегацијата е тука да ни покажат дека не‘ поддржуваат. Во текот на денот ќе посетиме повеќе места во нашата општина, кои се важни и интересни за гостите да ги видат. Навечер, пак во Скопје ќе се одржи заеднички состанок со сите општини што се дел од Сојузот“, рече градоначалникот Арбен Таравари.
Угур изрази задоволство од посетата на Гостивар. „Задоволство ми е што сум денес овде, особено што како градоначалник на Коња, тука во Гостивар сретнав многу луѓе кои имаат семејни корени од мојот град. Преку Сојузот на турски општини во светот развиваме многу добра соработка и реализираме значајни проекти на Балканот, како и збратимување на општини од Турција и Македонија. На тој начин тие се зближуваат во различни области и ја зајакнуваат меѓусебната врска. Гостивар е општина во која живеат Албанци, Македонци и Турци во еден град и посебно ни е драго што овде ја даваме нашата поддршка.“, истакна тој.
Гостивар преку Сојузот на турски општини има добиено повеќе донации. Последните се шест нови пикник клупи со насрешница, поставени во градскиот парк, и едно специјализирано комунално возило.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 7 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 2 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава