Поврзи се со нас

Македонија

Детали како ќе се спроведува пописот на населението и домаќинствата

Објавено

на

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на презентацијата на методологијата за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите истакна дека комбинираниот метод, кој за прв пат ќе се применува кај нас, е сложена методологија, која обезбедува многу можности и која се базира на комбинација на податоци добиени на терен преку индивидуално попишување, со податоци од претпописната статистичка база на податоци која содржи податоци добиени од постоечки регистри поврзани со користење на Единствениот матичен број на граѓанинот (ЕМБ).

„Предностите на користењето на комбинираниот метод на Пописот се: намалувањето на потребното време за прибирање на податоците, намалувањето на трошоците за пописната
операцијата, намалувањето на потребното време за обработка на податоците, конечните податоци од Пописот ќе ги имаме за пократок временски период, а истовремено ќе обезбедиме многу повисоко ниво на квалитет на податоци од Пописот“, оцени Симовски.

Новина при Пописот е Архитектурата на системот, кој се базира на комбинираниот методолошки пристап кој подразбира теренско попишување со користење на преносни компјутери од страна на попишувачите, поврзани на посебно развиена веб-апликација поставена на cloud (облак), наместо хартиени прашалници.

Според Државниот завод за статистика, Пописот ќе обезбеди податоци за три категории на население и тоа:

-Вкупно резидентно население, кое го сочинуваат: лицата државјани со место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, без оглед дали во моментот на Пописот се наоѓаат во местото на живеење или во друго место во Република Северна Македонија; лицата-странци кои престојуваат во Република Северна Македонија подолго од 12 месеци (една година), со одобрение за постојан или за привремен престој; лицата што имаат место на живеење во Република Северна Македонија и се нејзини државјани, а во времето на Пописот престојуваат во странство помалку од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства кои престојуваат со нив; лицата што имаат место на вообичаено живеење во Република Северна Македонија, а кои во времето на Пописот се на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, Обединетите нации и нејзините организации, претставништва или претставници на стопанските комори во странство, деловните единици во странство, воени претставници на Армијата на Република Северна Македонија во странство и граѓаните што се ангажирани врз основа на меѓународна, техничка и друга соработка, како и членовите на домаќинствата што привремено престојуваат во странство со наведените лица (независно од должината на престојот во странство по некој од наведените основи).

-Вкупно нерезидентно население го сочинуваат следните лица-единици на Попис, и тоа: лицата државјани на Република Северна Македонија, кои во времето на Пописот престојуваат во странство повеќе од 12 месеци (една година) поради работа или друга причина, како и членовите на нивните домаќинства кои престојуваат со нив; лицата-странци кои престојуваат во Република Северна Македонија до 12 месеци (помалку од една година), со одобрение за привремен престој.

Самопопишување/саморегистрација на лицата државјани на Република Северна Македонија кои во периодот на спроведување на Пописот живеат /престојуваат во странство ќе се врши од 1 април до 21 април по пат на самопопишување преку онлајн апликација достапна на веб-страницата на ДЗС, или според законските норми нив може да ги попишат лица кои добро ги познаваат и ги имаат сите потребни податоци за нив. При попишувањето на овие лица, некомплетните податоци не ги прифаќа апликацијата и со тоа се отфрла можноста да бидат попишани лица со неточни податоци, наведуваат од ДЗС.

Одговарајќи на новинарски прашања директорот Симовски апелираше сите граѓани да земат учество во Пописот поради тоа што оваа сериозна операција ќе даде базична основа за подготвување на квалитетни политики за општествен и економски развој на државата, кои се од интерес за сите граѓани.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 50 минути

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 2 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 4 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 5 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 6 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 7 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 8 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 9 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 10 часа

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена